Глобален проблем е, наверојатно имаат некој глич кај многу телефони се појави. Ваљда ќе го средат за брзо. Мене ни вибер и гмејл не ми отвара
Напиши на ФБ балони и ќе ти излезат неколку фирми што се занимаваат со такво украсување, гледам имаат и балони со букви. Види и во Веро Џамбо, во дело каде што се продаваат свеќи за роденден, бројки сигурно имаше, за букви не се сеќавам. Види и во Веро, кога ќе се симнуваш по скалите, таа продавницата што е за балони веднаш до скалите.
Јас нарачував од Балон твистер, ѕирни ги на фб/инстаграм имаат многу различни комбинации за со букви да напишат. Се наоѓаат во Тафталиџе спроти Гоце студентскиот
Поздрав. Пасошот ми истекува во декември . Би сакала да патувам во странство . Дали ќе ми прават проблем на граница ? Има уште 9 месеци пред да истече .
Не би требало да ти прават проблем, мислам за во Турција бараат 6 или 7 месеци пред да ти истече рокот
Ајде и тука да прашам - каде има продавници за завеси во Скопје ? Гледавме на Битпазар во две продавници ама немаше модели какви што сакаме...
Оваа картичката што ја даваат за нова трансакциска сметка односно што пишува овластување за работење со трансакциска сметка дали треба да се носи цело време и имам потреба?
Не. Само ако имаш потреба. Мене изгубена ми е таа, бројчето од транскациската си го имам запишано во некој note на мобилен и тоа ми е доволно. Додуша и на VISA картичката го има, а таа постојано ја носам со мене