Ако добро разбрав, ова е демек избрана си да бидеш победник на некој подарок( ако се мисли на тоа на сликата). Бара да го внесиш твоето име и добиваш код на линкот долу. На линкот се регистрираш како следбеник, правиш скриншот и им го праќаш. Поракава важи 30 минути откако ќе ја прочиташ, инаку после нема да важи регистрацијата. Искрено мене вака едно време ми стигаа пораки на инста јас да сум претставувала некој бренд само кај мене беа на англиски и тоа беа лажни профили. Така да провери си, ако немаат постови, немаат многу следачи сигурно се лажни профили, може некој вирус, или некои манијачишта бараат некои девојки за забава.
Фала ти.да нешто за наградна игра е сфатив нема постови а има следбеници.ќе блокирам ,во секој случај благодарам на преводот
Девојки, живеам во зграда на 3ти кат. Комшиката над мене чува 2 кучиња кои се диви, улични. Цело време имаме проблем, кучињата не запираат тркалаат стаклени шишиња и што уште не ама ај молчиме да не се замериме. Ајде тоа тропање и гребење се трпи некако, ама сега секое сабајле ги вади на тераса точно над мојата соба, се корнат од лаење и завивање сигурно повеќе од пола саат, жива ненаспана сум за на работа. Не ги вади надвор да си вршат потреба, сѐ на тераса. Живи непрошетани се, едвај чекаат да им отвори врата и буквално нон стоп лаат. А сега лето иде со отворена тераса се спие, ја не знам што ќе се прави. Дали можам да ја пријавам некако или не знам? Сакам кучиња и да ги чува во нормални услови океј е, ама овие не се трпат..
Дали знае некој што значат 16-те цифри под името и презимето на дебитна картичка ( Visa paywave halk) не означуваат број на трансзкциска сметка тоа проверив?
Само што ми се скрши цел топломер од постарите модели во кујна. Ептен паничам пошо живата ја фаќав со раце од паника. На нет постојат 51771 совети али од пола статии ми се дига коса и ми треба некој шо му се десило истово за совет. Фала
Жени, девојки, дали некаде сте го виделе овој калап во розева боја во стокомак? Во повеќето го нема, па ако некоја знае каде го има би и била благодарна ако сподели.