На Бит Пазар верувам дека продаваат. Во пазарот внатре кај овошјето и зеленчукот има тезги со билки и тревки.
Колку се плаќа карта за концертиве у Привилиџ? Знам дека на врата продаваат. Која цена е една карта????
Доколку има некој професор во средно училиште, молам да ми одговори, ми треба една информација. Благодарам
Дајте предлог за простори за складирање во Скопје? Не барам огромен магацин, туку мал простор, за привремено чување на лични ствари. 10 квадрати ќе ми завршат работа. На интернет го најдов ова, но скапо ми е 3000 денари месечно за 9 м2 со решетки. Собче под кирија се наоѓа за тие пари. До кај 1000 месечно би можела да одвојам. Или ако некој има подрум што не го користи слободно нека ми пише.
Предлог салон во Скопје кај што прават добар маникир (не мислам на суво да ми ги искорнат кутикулите, туку киснење раце, обликување нокти и со обичен лак да ме поминат)?
https://instagram.com/nails____________m?utm_medium=copy_link Другарка ми си ги прави ноктите тука, до сега нема промашено ни облик ни издржливост, малку соленка е со цени мислам ама не ме фаќај за збор
Жени, девојки, (алкохоличарки ), ми треба помош. Што би купиле за подарок од алкохолен пијалок а да биде соодветно за некој надреден кој ти е и близок роднина/пријател? Шампањ е повеќе за прослави, вотка ми е без везе, веројатно некое виски ама јас алкохол немам пробано и не знам разлика. Гледав нешто и се двоумев дали Џек или Балантинес (ако така е правилно). И каде купувате фереро рошер? Поминав низ рамстор, низ тинекс, низ кам и веро никаде немаше и се напнав. Освен благо и пијалок што да земам за да нели не бидат две? Фала ви однапред на одговорите.
Што и да земеш нема да згрешиш. Кога сме кај благото, ако не можеш да најдеш Фереро роше земи некои други.
Нешто си умислив дека баш тие ги сакам Знам дека ги имам гледано по маркетиве ама никако да ми текне каде. Се зачудив што не можам да го најдам како да барам не знам што.