Овде види, https://instagram.com/moonlamp.mk?utm_medium=copy_link https://instagram.com/your.private.moon?utm_medium=copy_link Исто и овде
Сакам да си купам некое црно ранче (да не е спортско), но да биде големо, да собира голема тетратка. Кожно, плишано... да изгледа интересно и секојдневно. Барам за на факултет. Каде можам да најдам?
Како наплаќаат архитектите за внатрешно уредување на дом? На квадрат или има фиксни цени или…? Ако има некој на форумов кој го работи тоа нека ми пише и по порака ако не сака јавно или некој на кого му го уредувале домот колку платил.
Здраво дали некоја од вас има учествувано во новава наградна игра на Гранд Кафе као има дневни награди и една главна но од дневните баш ме интересира дали има некои добиено?
Мислења и искуства за Ледиком? Знам порано дека баш овде на форумов читав лоши коментари, па ако може некој да ми порасни? Итно ми треба нов телефон, а избор нема скоро никаков секаде каде што барав се послаби од овој што го имам сега, а цената им е повисока. Во Ледиком најдов Самсунг м31, вака како што гледам добар е, а и за таа цена особено, но го нема на други места па затоа ме интересира мислење?
Настрана сите муабети со увозот и документацијата која ја приложуваат, јас пред 5 години земав телефон кој до ден денес е функционален. Кога купував нов телефон пред неколку месеци, прво кај нив отидов. Го немаа моделот што го сакав, инаку ќе купев пак од кај нив. Познавам и многу други луѓе кои се задоволни.
Јас кај нив го менував екранот на телефонот и тогаш бев скептична, но беше дупло поефтино од другите места и еве 2 години супер си работи. Читав дека биле копии и такви работи затоа ме интересираше, а цените како што гледам не се некоја драстична разлика, до кај 1000-1500 денари, а на пример гледав и во вип и таму беа за тој износ поскапи отколку во Нетпун, Сетек итн. Е сега овој што го гледав самсунгот го нема на други места за да споредам цена ама многу ми прави кејф затоа што е навистина ефтин за пергормансите што ги нуди.