Тие ти го инсталираа Windows-от? Ако да, однеси им го нека го средат. Реално, за да го заменат треба да биде 30 работни дена на сервис и тогаш се констатира дека не може да се поправи и се заменува со нов. А тој уствари работи, ама според тебе е спор. Мислам дека немаш многу што да направиш.
Ако не и фали некој дел, може. А, ако и фали дел, и тогаш мислам дека може, ама се плаќа одредена сума.
Не ми го инсталираа тие , тие го преинсталираа на сервис. Ама не може штотуку купен нов лаптоп само со употреба да Google browswer и без други апликации да црпи 100% од процесорот и околу 60% од рамот , па 22.000 денари мајка му стара се една плата во МК. Да ги дадеш и уште од старт така да работи нигде нема, а тек што ќе биде после 1 година (претпоставувам за во канта). Стварно не знам како можат такви производи да продаваат , порано се знаело купуваш лаптоп од 250 евра трае минимум 5-6 години сега ем го плаќаш дупло ако не и тродупло од вредноста а квалитетот е на ниво на пластичен пиштол на дијаболи, ако не ме услужат нека им е на чест и тоа ќе биде последен пат што нешто ќе купам од Сетек.
Со оглед на тоа колку се скокнати цените откако се учи онлајн и дополнително овој период, 22 000 денари за лаптоп имаат вредност ко порано што имаа 12 000. Ти го сфаќам револтот, но нема многу што да направиш. Ти си знаеш со какви перформанси е лаптопот, но тие нема да ти дадат нов додека тој работи или додека ти го враќаат од сервис како исправен.
Сетек се најбезобразна фирма што постои. Брат ми купи телевизор од 40 000 ден и имаше пукнатина, кога отиде да им го врати му кажаа дека и за сервис ќе мора да плати 8 000 ден. За купен оштетен тв од нивна страна па уште и да си плаќаш, затоа никогаш нема да им стапнам. Кај неколку знам што имат такви дешавки и не сакаат со прст да мрднат.
Не бараат. Мене ме интересира, кај да најдам онакви мали округли тиквички? Како за декорација повеќе.
Дали можам да нарачам онлајн акрилен емајл од некаде? Од каде? Односно емајл на водена база, нешто вака:
Треба да уплатам 250 ден. од сметка на НЛБ на сметка на Комерцијална.Знаете точно колку провизија би ми земале? Итно ми е
И јас потврдувам за Сетек во однос на услужливост и достапност. Кастастрофа! Во однос на компјутерот, не сум многу стручен, но случајно нешто да не се зафркнало со инсталацијата на Windows-от? Мене често знае да ми кочи доколку се спуштаат/инсталираат windows updates. А како стои компјутеров со перформансите? Шо велат од сетек, зошто кочи?
Тоа ми кажаа и мене демек до Windows-от било ама му направи сервисерот реинсталација џабе бре , кочи ко да сум го купил 10 години користен а не нов. Денеска бев и не ми одобрија замена бидејќи чим ставиш Windows пиратски чао пријатно гајле им е дали имаш проблем , ми дадоа едно бројче грижа за корисници викам аха ептен се грижите и си отидов. Ама , еднаш се изгорев на млекото следен пат ќе дувам 10 пати а и Сетек ќе заборават ни обично кабелче да ми треба нема од кај нив да купам.
Не може да се замени во банка, еднаш ми враќаше пари таа на шалтер кога плаќав сметки и видов дека е скината парата, и викам може да ми ја замените, ми вика тоа во народна банка само. И јас и викам тоа вие во народна банка ќе си одите, бидејќи вие ми дадовте скината пара пред малку, и ми ја смени. Иначе немаше да ми ја смени, ова во Стопанска банка.
Дали може да се открие број на мобилен телефон иако бројот е на кредит? Мислам дали постојат податоци за бројот и корисникот на бројот во операторот каде е земен бројот?