Кога ќе ја вклучам преднава камера на телефонот ми се појавува црн екран како да е блокирана со нешто, додека задната си работи најнормално. Од чиста мира ми се случи ова, ниту телефонот има паднато, ниту го имам потопено со вода. Пробав се што видов на интернет како опција. Дали некој друг се соочил со ваков проблем? Можно е ли да е некаков баг кој што ќе се среди со следен update? Конкретно се работи за Iphone 12 pro max доколку тоа има некаква врска.
Можеби телефонот смета дека камерата е во употреба од некоја друга апликација, само треба да најдеш која (и да ја евентуално uninstall па пак install)?
Сега последно направив и целосен формат на телефонот и повторно не функционира. Бев во мобилара, го приклучија на кабелче што јавува грешки, им даде дека камерата воопшто не постои. Според нив се работи за фабричка грешка и најверојатно ќе треба да се менува камерата што е доста комплицирано и може потоа да не работи Face ID. Ќе почекам некоја недела, се уште се надевам дека би се средило со некој update.
Здраво девојки,би сакала да прашам некој што знае да ми препорача страна за добри квалитетни хеланки?мене некако сите мн тенки ми стојат,и се се оцртува искрено воопшто вкусно не изгледа а обожавам хеланки/спортска облека,некој со ваков проблем,како да се носи а да не ми е оцртано се
Предлог за кафана/гостилница, да не е многу скапо, некоја поевтина каде што има жива музика петок и сабота. Само да не биде во Дебар малоо!
Од Сатурн, Германија уште кога излезе. Затоа знам дека не се менувани делови или слично. Истечена е. Слушнав евентуално дека во Istyle би можеле да ја продолжат доколку установат дека е фабричка грешка, ама чисто се сомневам. Навистина ми се скрши филм, никогаш не сум имала проблем со apple телефони, дури сум ги користела и по 5 години ништо освен слабеење на батеријата ми се нема случено. Крајна опција ќе биде да ја сменам камерата, но мислам дека каква и да стават никогаш нема да биде иста како оригиналната.
Најверојатно според мене е проблем на последниов update. Сега набрзо треба да искочи новиот update на софтвер и би требало да се среди. Со оглед на тоа што немаш гаранција многу е мала веројатноста да ти помогнат во iStyle. Од друга страна нешто слушнав дека ако пријавиш директен проблем во Apple односно на директниот сајт со тоа што им пишеш мејл на нив со серискиот број од телефонот ѝ им го објасниш проблемот голема е веројатноста да ти дадат нов или пак да ти понудат решение. Пробај,ништо не губиш ништо.