Дали знаете во некоја оптика или слично да откупуваат стари очила за сонце,? Имам неколку пара, Рајбан, Фенди , Д&Г ама не ги носам веќе па сакам да ги продадам да не ми стојат така.
Значи вака мене докторката ми ги кажа пивски квасец за концентрација. Малце бев зачудена дека овие ги пиев за коса ама и за таа намена се употребувале. Е сега од овие што ги наброја членката најдобри биле билобил. Ни едни не се со рецепта ама не биле ни ефтини. Околу 700 така нешто.
И како се користат? По едно апче на ден ли? Јас размислував спирулина да земам заради што е на природна база. А реално не ни едните ни другите апчиња не се винови што мојов мозок одвај се фокусира...
А имаш некаков проблем како анск или слично? Мене ми е од тоа. Не знам како се користат. Сигурно си пишува на упатството внатре во апчињата.
Билобилот јас ги пиев еднаш дневно, инаку распрашај се по аптеки ги делат пр. можиш да земиш само една лента, не цело паковање.
За патување во Италија може со негативен ковид тест или мора сертификат за вакцинација или прележаност?
Дали ако сега како поголема си купам ролерки ќе се научам да возам? Малце глупо прашање знам ама у последно само ролерки ми се вртат у глава.
Да, зошто да не. Само не треба да се плашиш и да си упорна. И не слушај од страна коментари! Ако ти е мерак да си купиш. Само да одбериш добри ролерки.
Луѓе ај помош итно ми е!!! На некој ако му се десило истово, нека пише. Сабајле се возев со автобус идев накај центар. Немам карта за возење туку преку мобилен се куцам цело време. Сабајле кога свртев 185 не сакаше да се поврзе со апаратчето. После се качи контрола и му кажав на контролорот дека кога свртев 185 телефонот не можеше да се поврзе со апаратчето само се бираше бројот, при што ми побара лична карта. Ми даде записник каде што ми ги пиша податоците и заокружи дека не сум имала исправен билет (имаше три опции наведени зошто патникот добива записниик), плус со записникот ми даде 2 плави уплатници. Ми кажа да не се куцам и ако се качи контрола да им ги покажам двете уплатници и записникот и дека уплатниците важат 8 дена. Не се сеќавам дека ми кажа дека треба да платам!! На уплатницата пишува 1000 денари износ за плаќање, цел на дознака итн... И доле на уплатницата има напомена дека тој износ од 1000 денари треба да се плати во рок од 8 дена, ако не се исплати прекршочна постапка следи. ШТО ДА ПРАВАМ? Ако идам да платам во банка, КАДЕ ТРЕБА ДА ЈА ОДНЕСАМ УПЛАТНИЦАТА И ШТО ДА ПРАВАМ СО ЗАПИСНИКОТ??? Прв пат добивам записник не знам што да правам.
Само плати во банка, нема потреба да ја носиш никаде уплатницата, електронски ќе имаат увид дека си платила.
Има чаре некое? Таман реков што ја нема малава едно 5 мин кога видов.. Некоја банка не би ги сменила така?