Да, јас имам купено часовник од кај нив пред 3 години сигурно, можеби и повеќе , бренд Jacques Lemans. Презадоволна сум, и се бањам со него понекогаш, еднаш и во море си влегов со него , ок си беше. Освен еднаш што сменив батерија пред неколку месеци, како нов е.
Дали некој/а може да даде информации каде може да се направи снимање на абдомен со магнетна резонанца освен Филип Втори и Неуромедика? (и ако знаете искуство дали се добри).
Здраво, каде може да продадам книги од факултет купени скоро ко нови на пола цена и попуст може, освен на фб?
Сѐ што ќе ти каже главниот кувар да сецкаш припреми за јадењата што тој ги прави, салати да правиш, да одиш до магацин ако има потреба, можеби и поховани работи, скара.. зависи од ресторантот ама горе-долу таа е работата. Матичниот го прашај да ти закаже.
Сте го пробале ли оризов? Го видов случајно на акција го продаваат, пишува дека е полуподготвен, прв пат слушнав за ваков ориз. Убав е? Гледам има во кутијава 4 кесички по 125 грама. Една кесичка за колку луѓе е?
Јас го имам пробано. Мене ми се свиѓа, цела кесичка се вари 15 мин и имаш готов ориз. А количината зависи од употребата. Како прилог со пилешко на пример, една кесичка мене ми е повеќе од доволна за двајца. Ако е само ориз како главно јадење може ќе треба повеќе, ама тоа зависи и од луѓето какви јадачи се
Неотворена кесичка? Во колку вода? Внатре во кесичката не влегува вода? А сол, зачини има ли? Или треба јас да ставам?
Јас капсулите. Испив 2 и мислев ќе умрам од болки во стомак. Мислев до мене е проблем. Ги дадов на колешка од работа, она бетер од мене- на бубрези ја удриле. Вакви глупости веќе никад на памет нема да ми паднат да ставам во уста.
Неотворена кесичка. Мислам беше литар вода за една кесичка ама си има инструкции за подготовка на пакувањето. Нема зачини, само ориз. Отпосле се зачинува. @cresa-jagoda