Za plakanje smetki online so NLB treba da simnam nesto (imam nlb klik) il da odam do banka oni aktiviraat?
Треба да одиш, ама јави се претходно во кол центар на 02 15 600 ќе ти објаснат има месечна претплата (не знам колку беше) за плаќање онлајн да видиш дали ти одговара.
Предлог за маркери со добар квалитет и пристапна цена? Ептен ги поскапеа, ретко се наоѓаат маркери по океј цена. Имаше во Тинекс 4 маркери по баш пристапна цена на почеток на школската година, но сега не можам да ги најдам. Да не сте ги виделе во некој Тинекс скоро?
Несовите претежно ладни и матени ги правам. Од топли почесто капучино.Млекото потмага. Не гледам веќе маркери во Тинекс. Јас сум најзадоволна од Stabilo.Ама, често поскапуваат. Од поевтини, има во Просветно Дело по еден од 20 денари (на Cello) и по еден од 40 денари (на Milan-овие пократко траат од првите). Барај Firefly, Splendid и Spotliner во книжари.Сум ги наоѓала во маркети и локална книжара по 1, 2 или 4 во пакување, од 20 и нешто до кај 70 и нешто.Сега ги нема во маркетите, ама може да има во некои книжари. Малце подобри од овие, маркери на Schneider во книжари, Офис Плус и некои Веро маркети.Еден маркер е 40 и нешто, два од 80 и нешто до 90 и нешто денари.Пакување од 4 маркери во Офис Плус е 200 и над 200 денари. Во Веро имам и Пеликан купувано.Поскапи се од овие, ама подобро ми се покажаа.
Колку детално објаснување за маркери, секоја чест. Најголеми купувачи сме на маркери јас и ти мислам. Фала ти.
Имам црна платнена есенска јакна со постава. Скоро нова е ама на некои места бојата е сменета (избледена). Дали може да купам некаква боја и да ја бојадисам? Или да ја однесам некаде да ми ја бојадисаат?
Во ДМ има црна боја,може и машински и рачно,обиди се.Јас сум фарбала,не конкретно со оваа боја,но сум завршила работа,бар за некој период.
Не треба да одиш, само преку апликацијата смени го пакетот за плаќање и самите ќе ти се јават да потврдиш дека сакаш промена на пакетот, т.е да плаќаш. Вака беше лани барем.
Имам едно прашање. Во последните неколку дена имав болки во јајниците и зголемен исцедок што не ми беше многу чудно затоа што бев во овулација и мислев дека е до тоа или пак настинка, но еве веќе 4-5 дена е така. Сакам да одам на гинеколог, но ми дојде некоја мисла и сомнеж да не имам некоја инфекција и сакам да се проверам. Е сега ако може да ме упатите каде и како се прави тоа затоа што немам искуство, а колку што знам не е преку гинеколог. Исто така да напоменам дека не сум во можност да одам преку матичен, туку ми треба некаде приватни, и ако знаете која е цената отприлика. Благодарам однапред.
Преку гинеколог, ќе си направиш брисеви и ПАП тест и ќе видиш за што се работи. Ако имаш матичен гинеколог можеш кај него, а ако не по приватниве болници. Цена не знам да ти кажам ако закажуваш ќе си прашаш во кол центар
Кај матичниот гинеколог не сум во можност да одам во мометов и затоа прашав за приватно. Пап тест секако сакам да направам ама не знаев дали и како се испитуваат инфекциите и дали треба некој посебен тест или може преку пап само