Резервирана ми е повратна карта за Германија. Пасошот ми истекува во Јануари. Ќе ми прават ли проблем? Ако може некој да ми објасни како одат работиве затоа што не знам дали ќе ме вратат, сепак е резервирана картата. Таму на недела дена ќе сум па ќе се враќам.
Извади си пасош по брза постапка,5000 e,за 24 часа ти е готов. Во спротивно, нема ни да се качиш во авион.
Пасошот мора да е најмалку 3 месеци пред истек. Извади си нов со брза постапка. Ризикуваш да те вратат.
Ми треба препорака за машки фризерски салон во Скопје кој средува брада и коса, каде што хигиенските услови се на повисоко ниво. Благодарам
Кога пишав тест мислев на брисевите за испитување што ти ми ги имаше посочено. Имам зголемен секрет и забележав промена во истиот, а неколку дена по ред имав и болки во абдоменот па некако ми се стави мисла во глава и сакам да одам да проверам, но бидејќи досега сум немала искуство особено вака во приватни клиники па сакав да прашам
Никако не ми отвара битни документи на вибер, НЕКОЈ што се РАЗБИРА од АПЛИКАЦИИ како ВИБЕР, го замолувам да ми пише како да ја оправам апликацијава не ми отвара ниту еден од пратените документи, ми пишува дека сесијата истекла, хелп луѓе морам да ги имам документите......
Луѓе незнам дали мојот наивен братучед е во проблеми…Пред некој ден некој му пратил меил се претставил како менаџерка на банка во Турција… И дека се работело за некое големо наследство на некој човек од Мк што живеел во Турција ама умрел па тој бил со исто презиме како на братучед ми и требало само писмо некое да прати во банка во тоа писмо пишувало дека е демек роднина на тој човек..И демек така од кога ќе ги добиел парите на сметка ќе дошла овде госпоѓава па да си ги поделиле… Дури и лична карта му пратила и тој ги проверил податоците навистина постоела таа особа како менаџерка на банка некоја и земал и тој и сликал лична карта…И на никој ништо не кажал среќа го откриле дома брзо и не го испратил писмото во банка…Ама толку убеден дека ќе добие големи пари и со цел мозок(и каков мозок уствари 18 годишник би имал) и пратил негови лични податоци..Неговите се преплашени дека може да му ги злоупотребат податоците…А женава дури и претходно му напишала дека демек имала доверба дека нема да ја пријави…И сега се плашат доколку пријават нешто да не злоупотребат…Незнам што да прави понатаму дали има место за паника? Се соочил ли некој со вакво нешто?