Како да ја оправам свеќичкава? Од оние на airwick е и преубаво мириса а дали два три пати е запалена и ваква стана.
Не знам али свеќата се остава првиот пат до самиот крај да изгори, односно кругот да биде скоро до стаклото само така нема ова да ти се повтори. Just so u know
Знам ама ете така се случи да морам да излезам и ја изгасив пред време. Прашањето е сега како да ја оправам затоа што препрепреубаво мириса и не ми се фрла.
Здраво дечки, првпат нарачувам од АлиЕкспрес и сега ја следам праткава. Што значи ова пратката е ставена во вреќа (излез), на истиот датум кога е и стигната. Дали ова значи дека ја враќаат назад или?
Дали сертификатите кои ги бараат за вработување како познавање на компјутерски вештини и познавање јазик исто траат 6 месеци како лекарското или не?
Тоа значи дека влегла во Будимпешта и излегла од неа односно ја претовариле на авион за Македонија, или некоја наредна дестинација додека да стигне до Македонија. Е сега додека нашите ја примат ќе си почекаш месец ако не и повеќе. Кога нашите ќе ја примат ќе ти се појави Skopje наместо HUBUDA а кога ќе ти ја обработат ќе пишува за достава.
Барем јас немам видено. Доколку внимаваш и ти е битно внес на шеќери да ти кажам дека содржат вештачки засладувачи иако пишува дека се без шеќер
Сакам да прашам колку различни витамини е дозволено да се пие дневно? Пивскиот квасец содржи повеќе витамини и тука ми е збрката. Сакам да пијам витамини ради здравјето ама не сум се консултирала со доктор и не планирам. Се на своја рака ќе земам да пијам како ќе ми дојде по ред. Само негде прочитав дека треба по 2 дневно. Дали може и повеќе или се губи дејството?
Дали ја има негде „рекламата“ на К15 од пред 30 години, отприлика вака беше: „Вашиот стомак изгледа вака (на Тошо), а сакате да изгледа вака (на Цацко)“, се „продаваа" сарми. „Рекламата“ завршуваше со „зејтинот е на наша сметка“?
Би ве замолила за совет, доколку некој знае, да ми помогне. Член од поблиска фамилија користи туѓа нега по основа на болест. Само првиот пат кога подадовме, пред повеќе од 7 години, му дојде комисија дома и од тогаш сите контролни прегледи на 1 година се без комисија, односно комисијата пстапува по претходно доставена мед документација, Бартелов индекс и мислење од матичен и упат за одреден датум за комисија, сето доставено до социјално, без негово присуство. Обично се јавуваа и не известуваа дека документите се во ред и дека е контрола, не треба да доаѓаме. Денес имавме контролен преглед, исто се си доставивме до социјално уште пред 10 дена и закажавме термин, но никој не не контактираше. Ме интересира, дали уште постапуваат по документи за контрола, без негово присусво или има некоја промена. Ви благодарам.