Колку пред рокот на истекување можам да поднесам барање за вадење нов пасош? На пример пасошот ако ми истекува на 30.07.2023, кога можам најрано да појдам да го сменам?
Здраво, купив јакна , не баш евтина, дома сега приметив дека мириса на боја најверојатно, ја перев пак иста приказна, дали има некое решение да не мириса толку на боја? Некој слично искуство? Потенцирав не баш евтина, бидејќи за тие пари ваков мирис не знам колку е ок
@Youknow Кога беше баба ми жива, купував подароци од типот скап кармин/парфем или марама (бидејќи сакаше да си биде дотерана) +цвеќе и чоколадо.
Накит,паричник,чанта... Ако ти е блиска, сепак ти најдобро знаеш што конкретно би ја израдувало или што и е потребно.
Зависи од жената и буџетот. Кожен новчаник е секогаш добар избор. Козметички сет, дневна и ноќна крема или убав серум. Доколу сака да чита, комплет книги. Свилена марама, саксиско цвеќе..
Јас би подарила брош, ако носи нешто такво. @Anika55 во темата со слики од накит имаше многу убави филиграни, таа ме инспирира дека е убава идеја за подарок. До 8ми март во гтц има базар за рачни изработки можи таму нешто ќе те бендиса.
Цвеќе ако сака, парфем и дезодоранс, козметички сет, паричник, ако готви нешто за во кујна. Ташна и/или паричник/и двете ако е буџетот поголем, козметички сет, книги ако е по читањето, блуза/или две или и марама, ако има канцелариска работа сет од пенкала и нотес.