Дали ги имате користено collar каишките против болви и крлежи за миленици од зегин и како сте задоволни?
Имам да пратам пратка до САД, итно е и битно брзо да стигне, со која БРЗА пошта можам освен DHL и Fedex?
Јас имам лабрадор и два пинча, само ампула им помага зашто имаме и двор, имам пробано и колар ама на лабрадорот не му дејствува а на пинчовите да. Па вака ампулата и раат. Плус поскап е коларот.
Луѓенца хелп, за една недела сум кума и свашта пробав да ставам на градиве под фустанов ама градиве ми шантраат на играње… не може да се носи градник бидејќи има отвор меѓу градите, прашав и за лента ми препорачаа овде купив ама и тоа не стои убаво нит па лепи… некоја препорака кај да земам нешто што ќе ми поногне да ми стојат прикладно. Фала однапред
Дали некој знае како се движат цените на свечените фустани во Коцарева? Не невестинските, туку оние другите дизајни. @Feniksgirl распрашај се дали ќе најдеш вакво нешто слично што напред е со длабоко деколте а назад се закопчува подоле на грбот. Мислам дека ова ти е најдобра опција + лента.
Мене ми биле секогаш вкусни без никаков проблем. Исто како во НЛ. (Бидејќи не јадам мелено месо, секогаш сум зимала пилешко)
Ако ги исечам со ножици најдоле фармерките за да ми бидат пократки, ќе им стане нешто кога ќе ги перам? И се мислам дека имаше некоја финта како и со што да ги скратиш?
Има ли некој купено гифт картичка за Сити мол од Комерцијална банка? Немам сметка на Комерцијална, па ме интересира дали може да си ја купам во кеш од експозитуриве?
Па мислам дека ако ги исечеш, а не ги порабиш ќе се разресат при перење. Ако имаш време отиди до Џамбо и побарај кај иглите и конците има една леплива трака за правење рабови. Јас сега скоро правев едни панталони и супер ми издржа. Како бел селотејп изгледа траката, си има упатство да си ја прочиташ постапката, не е тешко.
ти си мој човек и јас јадам само такви бургери. Препорачај некое друго место? Ројал имам јадено, у КФЦ исто, порано од Драма зимав, од Урбан бургер. Сега вака со кликни јади и корпа некако не ми се исплати само за себе да нарачувам
Здравоо, да прашам дали некој знае каде има на големо (листови, хартии и сличен канцелариски материјал? Дали има такво нешто на Битпазар?