@Hisha @Снегулк@23 на висока перница сум навикнат ама дома ставам два мали за да добијам на височина ама меки се и главата ми пропаѓа... Ај ќе разгледам сега па ќе пишам што сум земал
И јас спијам на висока перница, секогаш ме болел врат ненаспаност, откако имам дормео перница прв пат во живот се наспав
Има некаде машка маица или пижами со нешто гејмерско на нив? Со принт ко на пример "eat, play, repeat" или така нешто.
Не знам во која тема да се обратам па затоа тука ќе прашам. Дали некој е запознаен зошто во Македонија е пракса тој што купува стар стан да го плаќа данокот на имот а не тој што го продава, кога по закон пишува дека е обврска на продавачот?
Даночен обврзник на данокот на промет на недвижности е правно и физичко лице – продавач на недвижноста. По исклучок, обврзник на данокот на промет на недвижности може да биде правно лице и физичко лице – купувач на недвижноста, доколку во договорот за купопродажба на недвижноста, е договорено данокот да го плати купувачот. По логика треба да е на купувачот. Цената на некое средство се состои од неговата набавна цена, трошоци за манипулација, трошоци за царина, трошоци за данок итн
Ако има некој што знае да ми каже.Имаме куќа која што треба да се руши.Ние сме тројца јас мајка ми и брат ми,татко ми е починат.Е сега јас сакам да прашам како се дели куќата со тоа што имам и тетка сестра на таткоми.И дали на мене ми следува дел
Дали во Скопје некаде можам да однесам патики на боење? Знам дека има за текстил, ама конкретно мене за патики ме интересира (кожни).
Имотот што е дел на татко ти, преку право на претставување го добивате ти и и брат ти, по една половина.
Значи ми следува така иако татко ми не се води како сопственик.Куќата е во сопственост на баба ми а она е почината