Вториот пензиски фонд нема никаква врска со банка. Вториот пензиски фонд е задолжителен за вработените (освен за тие што имаат бенефициран стаж). Имаш рок од 3 месеци да одбереш сама втор пензиски фонд (КБ Прво, Сава или Триглав). МАПАС по службена должност избира едно пензиско друштво. кое ако не избереш, ќе станеш негов член. Треба да потпишеш договор/ажурираш податоци со пензиско друштво. Можеш да го промениш вториот пензиски фонд кога сакаш но се наплаќа 15 евра (до 2 години), после 2 години не се плаќа.
Каде да купам столчиња за кампување/плажа на расклоп или со механизам за пуштање и цени отприлика? да може да се користат и како лежалки, ми требаат за во камп, но гледав некои цени по 1000ка, многу ми дојде, на пластичарите не сум била, ако бил некој нека ми каже. Благодарам
Нема да најдеш веќе нигде под 1500ден ако сакаш и за лежење да ти бидат. Во Алфи центар оди види имаат пристојни цени.
Само јас ли имам проблем со нотификации на инстаграм? Треба да влезам во апликацијата дури тогаш се покажува пораката.. Ужасно ме нервира,вака не ми стигнува ништо
Пробај да ја деинсталираш апликацијата, па да ја инсталираш повторно. Или провери нешто во опции дали можеби ти е изместено. Јас немам никаков проблем моментално, ама често багира апликацијата.
Не знаев каде да го поставам прашањето, ама вака. Прво дали има Sephora во Скопје и дали некоја од вас досега има од некаде купено марамчиња за апсорбирање на мрснотија од лице кога сте нашминкани да ви даде мат ефект, не знам како да ги наречам, на англиски се oil control sheets/paper???
Прееска кажаа дека ке има проблеми со нотификации на телевизија.Тоа било поради топлото не е само кај тебе ке се среди
Па девојче на телевизија кажаа дека ќе има проблеми со нотификациите на fb,Instagram,viber поради топлото не ми е јасно што е тука срамно навистина.Ако сакаш можеш да си провериш.Мислам не си ми јасна зошто би се срамела
Испраќав нешто преку карго поточно брза пратка, гледам во Скопје ги имаат на повеќе локации, дали може кај таа што ми е најблиску да го подигнам откупот или кај која се иде, дали знае некој, заборавив да прашам?
специјалист треба да ти препише, потоа одиш во здравството и ти даваат нешто како потврда во кое пишува за кој период се однесува. Тие истите ги носиш во аптека и врз основа на нив земаш пелени има мислам дека само 2 величини, под 60кг и над 60кг. Плаќаш нешто минимално, вака беше пред 4,5год , би требало да е сеуште така.
Одиш кај специјалист и тој пишува дијагноза со која се оправдува потребата од пелени. Ти дава извештај и потврда за истите, која ја носиш за заверка во Фондот. После купуваш во специјализирана продавница за ортопедски помагала.