Точна е информацијата. Сега пред 20 мин е објавена https://24info.mk/2023/07/27/исплатата-на-јулските-пензии-почнува/
Значи сума сумарум, 2 месеци боделување, од страна на специјалист!? Па за продолжување после тие 2 месеци треба конзилијарно мислење така?
Мислам членката мислеше 2 недели, не 2 месеци, барем јас така знам. 2 недели од матичен па потоа од тројца доктори. Најубаво да се консултираш со матичниот доктор
Ама на веб страната на Влада уште нема објавено за одржана седница и што одлучиле за пензиите Чудно многу...
Дали некој знае каде може да најдам бел маркер, како оној што е сега трендов со наочариве по свадби? Валда маркер е, ако некој има зимано ако може да сподели би му била благодарна
Најпрво имаш 15 дена од твојот матичен нели со извештај од специјалистот. После тоа за првиот пат кога поднесуваш за продолжување на тие 15 дена, до 2 месеци боледување ти треба само извештај од специјалист и некој документ од кај матичниот, и само тоа го носиш во фонд. После ако сакаш нови 2 месеци ти треба конзилијарно мислење од 3ца доктори + извештај од специјалист. Вака беше пред 2 години кога јас отворав боледување за малиот, а користев 8 месеци комисиско бо. Како што спомна и членот погоре, најдобро прашај кај матичен, или уште подобро, директно во фонд.
Сега го најдов мојот извештај од комисија. Вака пишува: можеш да поднесеш или извештај од специјалист или отпусно писмо или конзилијарно мислење. Едно од нив, за да ти продолжат боледување. Пример, извештај од специјалист. Потоа, ако сакаш пак да го продолжиш уште некое време, тогаш ќе ти треба конзилијарно мислење, да не е пак извештај од специјалист.
Здраво, не можам да го complete account на paypal ми прави проблем кај link your cards. Дали би можела некоја да ми помогни? Или би требало да идам во банка?
Препорака за сервис кој одлично ќе ја исчисти колата од внатре? Длабински ќе ги исчисти седиштата? *за скопје
Дали некој знае некоја автобуска линија независно дали за Албанија или Грција, било кој град на море само битно ми е за тргнува после полноќ. Не е важно фслк е редовна линија или преку некоја агенција. Ми треба да се тргне петок кон сабота, односно сабота сабајле, а за назад во недела. Фала од напред.
Мислам дека БИСЕР ПРОМ агенција организираат еднодневни патувања на првиот крак во Грција. Турите им се во сабота и недела. Види побарај ги и ќе се информираш подетално. Јас ова од реклами ми е запомнето.
Ги знам тие, повеќето агенции имаат еднодневни но мене ми треба за два дена, саботата цела да е таму и неделата вечер назад.