Дали Охрид има градски превоз? Ми треба до автобуска. Или само со такси мора? Читам Пупе Компани возат за Трпејца, Св. Наум
Има неколку градски комбиња од Галеб. Имаат бројчиња 1, 2, 3 но не знам точно која им е рутата. Друга опција ти е Класик Компани што вози Охрид-Струга. Поминува кај автобуската и можеш да се качиш во центар.
Зошто никаде нема киндер јајца? Сите поголеми маркети ги превртев, немале добиено, во маалска продавница најдов неколку ама од постарите, со другиве играчки. Сеа ми кажуваат роднините и во Германија немало.. по вести пребарував, нема ништо околу тоа.. да не случајно пак нешто се неисправни и небезбедни за консумација?
Ако не се лажам, само kinder joy има. И јас класично киндер немам видено со недели, мислев ќе менуваат серија, односно дека natoons ќе ги повлечат, ама ете не донесоа нови.
Само што купив бронзер па ми падна и ми се скрши. Е сега гледав видеа на јутуб за како да го оправам но ставаат некаков алкохол за да ги врзе парчињата - rubbing alcohol. Може да ми кажете како да го барам ова и каде? Ако имате друга идеја како да го оправам бронзерот ве молам споделете.
Дали некој знае дали има слободни паркинг места (за месечна претплата збора) во ГТЦ паркинг, Смилевски конгрес катна гаража (кај театарот) или катната карши Соравија, и која е цената за месечен билет?
Дали е можно да се скрши само еден дел од параванот од када од ветер? Мене некако чудно ми е, прозорот ми беше на кип, секогаш го оставам така, дури и кога 3 месеци не бевме во мкд ми беше оставен на кип па не се скршил, до сега имало и пострашно невреме па не се случило вакво нешто. Тоа време не бевме дома и незнам дали воопшто имало невреме, седиме Скопје и вчера кога отидовме лом стакло.
Нема ништо од тоа од октомври тие обичните. Овие се летни па затоа само нив ги има. Искрено мене и поубави ми се За таа под гтц барај инфо бво гтц. Останативе ти се под пуиг поранешно, денес едно долго име има. Околу 20 и нешто илјади беше годишно. Ама мора да се јавиш да прашаш дали и каде има место па ќе ти кажат
Некој да не знае која цена се купачите во дуки дасо? поточно ме интересира за оние плавите со висок струк долниот дел што е, кај шијакоска ги видев а немам време деновиве да поминам да проверам