Стави ја од навечер накисната во вода, пред употреба измиј ја убаво и исцеди ја, размерот на вода е х2, па ако впие дотураш да биде х3. Не горчи со оваа постапка на потопување од вечер. Јас ја користам без да ја варам, потопувам од навечер, сабајле ја блендирам и додавам овошје, како овесна каша
Барај хељда со потекло од Русија, мене ми има најубав вкус, на јатки. Ја мијам убаво, после ја потопувам во вода и ја оставам преку ноќ, до утрото е омекната и спремна за јадење. Најубава ми е комбинирана со банана и путер од кикирики.
Ти од каде ја купуваш руската? Значи само со потопување од вечер, без варење сабајлето може слободно да се јаде? Нема горчлив вкус?
Ја потопувам претходна вечер, цедам, мијам, ставам вода 2:1 и варам, некои 10 мин. Јас со кисело млеко овчо ја сакам
Хељдата во КАМ и таа на Макс Струмица е со руско потекло. Миење, потопување, јадење. Не е горчлива, има јаткаст вкус. На Виталиа имам земано, има киселкасто горчлив вкус и мора да се вари, не омекнува при стоење во вода. За друга не би знаела да кажам.
стави во тенџере повеќе количина вода отприлика соодносот 1:3 исто како оризот, стави хељдата и поклопи нека си вари на тивко, кога ќе омекне и распука зрното готова е, ништо комплицирано нема потреба од на вечер, а за да не е горчлива процери ја и измиј со ладна вода. Толку
Ај да прашам пак, не ми е јасно околу боледувањето.(пред да носам документи кај Матичен) Бев денес, договорен со лекар, за да извадиме конзилијарно потпишано од 3ца лекари. На извештајот од Докторот пишува 30 дена боледување, е сега договорот беше за 2 месеци боледување. Па да прашам дали имал некој искуство во ова, односно дали тие 30 дена се од Докторот, и потоа башка има плус боледување од конзилијарно на комисија?
Каде може да се направи 5скен? Во државна многу се чека..А во систина е 1300€..Друга некоја приватна болница каде што вршат дали знаете?
Освен на овие старо купуем што не можам да ги начекам да застанат, кај може да оставиш стари електрични апарати?
Тоа се оние фитнес часовници , по фенсите . Види по техномаркет/нептун и слично ќе ти кажат детаљи продавачиве, цени . ја толку знам за нив
Има разгуглај луѓе што земаат од дома и фрлаат, или звони у општина можда имаат некоја акција. Ја еднаш викнав едни да дојдат да фрлат( на нет ги најдов ама број сум избришала)електро отпад ли беше енерџи отпад не ми текнува, вториот пат од комуналец ги викнав, со грдни муки дојдоја. ( али повеќе луѓе бевме односно повеќе соседи) можда, би требало и да дојдат за 1 ако го симнете пред зграда