@sino.o.oka , aко е искористен можеш слободно да ги погледнеш сликите на светло, да го отвориш, нема никаква штета да имаат. Но, овој по се изгледа е неискористен, и него ако го отвориш ќе го осветлиш, после може да го фрлиш слободно, не може да се користи. Прв пат читам/слушам некој да не знае што е филм. I feel old now. Иначе каде има студија во Скопје (или цела МК) каде што сеуште развиваат филмови? Имам стари, фотоапарати и ми иде желба некогаш да исликам еден филм (и тоа треба да купам, не знам дали има останато празен)
@sino.o.oka Ќе има непоправлива штета дури и ако е искористен(испукан со фото апарат)! Прашањето е дали е развиен (поминат низ хемиска обработка во фото студио) - ако е развиен т.е. ако ја поминал хемиската процедура - а веројатно не е, бидејќи не би бил во такво кутивче - тогаш е безбедно да се отвори. Прашањето е и до кога му е рокот на траење... после тоа самиот постепено се расипува и тешко дека ќе може да се развие (но може да се проба!).
Да, добро ме надополни. Безбеден е ако е развиен. Ама овој изгледа не е ниту искористен. Тие развиените може без проблем да се гледаат. Ама обично тогаш чим се завршeше филмот, одма се носеше на развивање. А стојат во овакви кутивчиња оти во такви се купуваа. Кај мене дома сите се во овакви.
Едно прашање до @Billy Idol. Кој телефон да го земам за ќерка ми, Самсунг А04 или А14? Повеќе пари не би давала, бидејќи уште е мала. Благодарам
Однеси ги во фото студио да ти ги развијат сликите, тоа е филм за слики за оние апаратине порано, јас 3 вакви најдов и ги фрлив. Ама изгледа како да не е употребен.
Не, само тие на кои се плсќа пензиско. Бонуси и останати не влегуваат. И јас само што ќе прашав која година си родена. Се осетив прастаро
@La-loca @macka91 @Ano полека дами, без нервози и секирации... Само не сум дошла до допир со вакво нешто
Да не влегува, но имаше најава за доброволно плаќање од 1 јануари 2024 година, но засега нема закон. https://360stepeni.mk/honorartsite-...a-za-menstrualna-higiena-ke-bide-5-protsenti/
Не е искористен филмот, џабе да го носиш во фото студио. Можеш и самата да видиш дали има слики на него, крени ја лентата само. И да се оштети, секако не верувам дека некогаш воопшто ќе ти треба.
Да, освен за јануари – јули 2015 година кога имаше задолжително плаќање на придонесите. https://a1on.mk/macedonia/se-ukinuva-zakonot-za-pridonesi-za-honorarci/