Добар ден Ми свети тоа горе на лаптопот за камера, меѓутоа нема слика ништо само црно, не ми била до сега расипана камерата не сум имала проблем со тоа, дали некој знае како да ја направам?
Мо Може да се драјвери, може да се расипала нешто … нека ви го ѕирне некој што се разбира или носете го на сервис ако не знаете сами
Дали знаете кај можам да најдам туторијали за Bollywood dancing? Или уште подобро, дали има часови во Скопје?
За тоа немам слушнато, но за ова само позитивни коментари. https://instagram.com/dr.smart_thebrainmaster?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==
Каде можам да си направам преглед за диоптрија за првпат? Ич не сум упатена, а во последно време ептен често добивам главоболки и сакам да проверам. Дали оди преку доктор, матичен со упат или можам во Визус да отидам да ми проверат?
Може со упат од матичен доктор ако начекаш термин, ако ти закаже во некој Здравстевен дом ќе платиш партиципација 60-80 ден, ако ти закаже кај некој приватен што работи со фондот од 300 нагоре ( Неуро медика со упат наплатува 700, Др.Ѓулистана -300 денари). Во Визус можеш кога сакаш, ќе те прегледа оптометрист и може да ти утврди диоптрија, незнам колку се плаќа. Визус имаат и очен лекар ама треба да прашаш кога прегледува.
И ова го плаќате?! Се обидоа и нас да ни наплатат (односно ни наплатија), па со пријава во фонд и жалба како попче ни вратија пари со извинување.
Браво , кажете како е постапката? Инаку ова беше лани за ОРЛ, ама сите специјалистички прегледи им се иста цена околу 3000, сигурно партиципација исто наплаќале и за очно, мислам и за ортопед може кај нив со упат. Исто на друго место за ОРЛ и наплатија на ќерка ми 500 ден. Ова се е за лани, како е сега незнам не сме биле на лекар.
Секогаш гледајте колку им се по ценовник на приватно услугите и ако ви наплата повеќе од 30% од таа цена можете да ги пријавите во фондот. А нив фино ќе им склопите едно писмо за жалба.
Можам ли на девизна сметка да си префрлам пари од денарска или морам на шалтер да одам? Сакам девизна да отворам да си ја користам да чување евра и да си додавам по потреба. Нејќам да ги орочувам, едноставно да не ми се дома. Се плаќа ли месечно за одржување или некои др трошоци?
Исто што и групер, не верувам дека е лажги Во промедика имаат многу добри доктори, си се јавуваш и си закажуваш. Исто задоволна сум од геталдус. Ѓулистана е исто многу добра докторка, работи со фонд
Дали во автобусите на ЈСП уште може да се купи билет за едно возење кај возачите? Или веќе не постои таков?
Немам никакво искуство, ама од прв поглед се гледа колку се “стручни“..сериозно, прочитајте го текстот целосно, не може да се промашат еден куп грешки.