Демек со златна рачка е и исцртана горе со златна линија. Женски, фала на поддршка да не потклекнам да ја купам. А џебов уште поблагодарен. Не дека е нешто спешл, исцртана беше по нарачка, есенски мотив, не доследно ко што барав, ама слатка е, ваљда дека сакам рачни изработки, ама е туу претуу мач. Ќе стаев, ама да не ја ширам толку работава, да не се препознае. Сепак не ја купувам, се потрошив многу. Ќефот за нова шолја другпат. Фала ви за поддршката стварно.
Значи порача од некој тука во Мк што изработува, мал бизнис, луѓето потрошиле време да ти ја направат и во последен момент одлучи да не ја земеш? Прво, 700 денари не е воопшто скапо за рачно цртана, 1000 за достава е многу и ме зачудува зошто е толку. Второ, требало пред да направиш нарачка да прашаш која цена ќе биде и да се одлучиш дали ти е многу или малку. И покрај тоа што 1700 е скапо за чаша, ни твојата постапка не е фер.
Не мора да значи дека ја порачала, има веќе што се нацртани и објавени да се купат. Плус девојката кажа дека 1000 е сосе доставата, не 1700.
Дали некој знае да ми каже како да не ми стасуваат нотификациите од Фемина форум на мејл, буквално за се што ќе се пише ми стигнува на мејл и ми се полни мејлот за џабе. Ако некој го исклучил посоветувајте ме како.
Аха, добро различно го прочитав, има смисла така со достава 1000ка. Според напишаното инаку звучи како да ја нарачала, нека дообјасни еве. Се извинувам ако погрешно ја разбрав.
Јас дадов слика да се нацрта и ми рекоа ако не ми се свиѓа, не мора да ја купувам, ќе си ја продаделе. И не ја купив, башка една цела 1000ка да потрошам за нешто кое не ми ја прави замислата, размислив дали можам при олку трошоци. Импулсивно некогаш купувам, после се каам. Додека ја правеа ми излегоа плус трошоци па уште и кога видов дека не е по мое, мислам цртачот си прави секако како му е стилот, ама тоа е. Сепак шолјата е убава супер е но за некој друг ќе си биде.
До 62% масажа со етерични масла, антистрес масажа или релакс масажа https://grouper.mk/deal/masazha-angel-touchзадоволна бев
Дали некој знае нешто за приватно осигурување uniqa? Преку фирма сме осигурани, јас сум бремена и треба да одам на два прегледи сега за скрининг и брисеви. За поврат на средства дали треба некаков посебен извештај за преглед или само фискалната и листот со преглед што ќе ми го дадат од систина?
Дали постои начин од ранец да се извади лого на фирма, без да зашијам нешто врз него? Логото е како лепенка од гума, а ранецот како текстил некоја синтетика, па мислам да не може некако да се отстрани на хемиско.