[COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Zdravo Dali nekoj znae kako se pravi prasakot za depilacija lidera kolku prasak kolku voda. Sakam za celo telo da napravam smesa [/COLOR]
Само слободни денови. За смрт на брачен другар или дете 7 дена, а за родител, брат или сестра 3 дена.
Не. На моја бивша колешка летово и почина мајка и. И дале од работа 3 дена да отсуствува. Паричен надоместок не следува. Така и рекле. На друга колешка и почина сопругот.. И дадоа 7 дена. Пари не. И татко ми не доби ништо кога почина мајка ми. Само 7 дена му дадоа. Баш со него разговарав околу ова. Пари не даваат.
За ова прв пат читам. Е сега.. Не знам дали газдите на приватните фирми ќе го испочитуваат. Не сум слушнала некој да добил пари. Нека прашаат во ПИОМ. Ако има малолетни деца на нив им следува семејна пензија, ако починатиот родител имал минимум 15 години стаж.
Колешката не доби, а живееше во заедница со мајка и. И за татко и не доби ништо. Многу лоша работа. Барем да даваат еднократна помош.
Знам фирми што исплатиле надоместок на семејството за смрт на работник од фирмата каде што работел. Но за смрт на член од фамилијата не сум слушнала до сега.
Мислам дека тоа зависи од политиката на фирмата. Кај мене на работа даваат некој симболичен надоместок мислам дека по 30.000 ден за смрт на најблиски членови на работникот - татко, мајка, син, ќерка. Плус кај нас во фирма даваат помош за операција на син, ќерка на работникот, дури имавме еден случај на вработен ќерката му почина ептен млада немаше ни 18 год од канцер и фирмата му го покри целиот погреб.
Не е закон, туку е колективен договор. Треба да видиш дали го има ова право во Колективниот договор каде што работиш. Еве во Колективниот договор каде што јас работам го има ова право, 3 плати (смрт на вработениот) односно 1 плата (смрт на член на потесното семејство).