Mislam 30 den so smetka nad 300 ti e besplaten.. Semafoot pred zeleznicka ( znaci odma na toj semafor desno i podole levo,pod zeleznicka imas mesto( a ima i tabla za pratis poraka. Ondak parking imas na semaforot na sama zeleznicka desno( kaj poshta), ili na semaforot levo, pa desno ima isto golem parking i tabla za plakanje.
И мене ме интересира истово, но општо. Имав информација дека нема провизија ако плаќаш во странство со картичка, но неодамна ми зема поголема сума во Шпаркасе.
Јас во Грција сум плаќала со картичка и немало провизија. За вадење пари од банкомат имаше провизија знам.
И јас имам плаќано со картица во србија, грција, италија, не ми зимале провизија. На шпаркасе сум инаку. Ако сега смениле нешто
Не можам да се најавам на мој ддв. Пишувам адреса и лозинка, и нонстоп врти на екранот и пишува "се проверуваат вашите податоци". Пробав да деинсталирам и пак инсталирав, ништо. Помош?
Има ли некој што се разбира во тие работи инстаграм хакирање, банирање.. Ако некој знае нека ми пише сакам да прашам нешто.
Не е, ама е политички празник, треба тродупла дневница да им дадат, а најдобро дневницата да се одреди помножувајќи ја истата со бројот на излезени гласачи
Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори 14 јули 2020 Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува. Оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд. Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис. Еве во 2020та како било. Сега повторно ја има истата одлука: Вчера, на 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат. Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.
Нема празнична дневница затоа што не е празник. Владина одлука и закон не е исто. Сабајлево прочитав. На денот на изборите 24 април и 8 мај кои Владата ги прогласи за неработни, Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдесни со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат. Тоа значи дека приватните фирми или компании можат да работат ако сакаат, не треба да им даваат празнична дневница на вработените и не може заработат казна, ама и вработените не мора да доаѓаат оти се заштитени со одлука на Владата.