Мене лани околу 2000 и нешто ми земаа. Па и си доплатив складишнина… ептен дека ми беше фустанот за мојата свадба. Иначе никад пак.
Какви се цените на зеленчукот и овошјето на пазар? Како во маркетите или поефтини? Да знам дали вреди да одам.
Зарем не кажа доктор што може да јаде? После 3 дена, може да јаде полесна храна и течности (бистри сокови, јогурт). Да избегнува зачинета и мрсна храна. Ќе треба и пробиотик да зема. (Ова кажувам за сите жени што бевме оперирани, вклучително и тие што вадеа матка, јас бев за друго, за сите важеше истиот начин на исхрана после операција). Со лесно и брзо опоравување да има.
Зависи на кој пазар. Битпазар ти е најевтин, Зелено пазарче е тука негде. Буњаковец на пример е поскап пазар и е како во маркет.
За black friday купив патики, арно ама до пред неколку недели воопшто не ги носев, а при првото носење, во делот каде шо се превиткува патиката при одење, на едната патика, од едната страна, се распараа конците и се отвори мало дупче. Дали постои можност за рекламација, фискална не сум сигурен дали чувам.
Здраво друштво. Ве молам доколку знаете само сигурни одговори, важно ми е. Дали при вработување, кога одите на систематски преглед, докторот или сестрите имаат преглед во вашата историја на лекување? Поздрав
Мислам дека тоа го има матичниот само, не сум сигурна нека потврди некој. Башка јас кога бев ова пред неколку години, во добра приватна клиника, ме прашуваа дали имам операции правено, хронични заболувања и сл. Ако имаат податоци, нема смисла да прашуваат.
Не ја знаат историјата на лекувањето, затоа што на систематски се оди во трудова медицина. Само те прегледуваат и толку е. Си запишуваат кај нив во систем.
Дечки сос! Првпат почнувам со контрацептивни таблети - крицеа. И сега нели се 24 розеви, 4 бели. Ми кажаа на прв ден од циклус дека се пијат, меѓутоа - дали некоја знае дали се почнува со белите или со розевите? Извинете, малку е глупаво прашањево, ама не можам да го поставам во соодветната тема, поради недоволно мислења…
Дали кога одите во ресторан пиете некаква таблета за смирување на стомакот... Јас имам проблем кога јадам во ресторан, уште таму веќе имам болка во стомакот и потоа дијареа... постојано тоа ми се случува, додека при јадење дома немам проблем
Со розевите се почнува, би требало да има стрелка, следи ја оти секоја таблета содржи различно ниво на хормони во нејзе и мора по редослед да се земаат. Се почнува од таблетата лево горе.