Мој совет ти е кец да се удриш. Ја да можев ќе се избричев. Ја и лето и зима коса мијам на 2 дена. Е ако ептен се испотам, ќе ја измијам. Ама брзо ми се мрси. Секој ден ако ја мијам толку. Иначе у пунџа или реп ми е 365 дена од годината. И дома, и за спиење и сегде. Само за искачање ја пуштам. Ама еве и у моментов ми е во пунџа. Нема како иначе. Ако искачам на сонце, капа, шешир. И премногу миење не чини.
Дали и вие немате енергија на времево? Буквално одвај стојам на нозе, ништо не правам во денот физички, на биро на кревет и тоа е тоа… се чуствувам неубаво заради тоа, а од друга страна немам енергија за нешто да правам, одам се туширам со ладна вода, пијам многууу вода ама џабе обично сум физички активна, вежбам, пешачам ама сега рутината ми се поремети…не ми е добро ни физички ни психички
Има уште некој проблем со ингернет од телекабел у аеродром? Какви неспособњаци, од петокот немам интернет ми кажаа уште во петок дека од невремето и уште нема...
Здраво. Имаме комбиниран фрижидер марка Сиеменс. До скоро чував месо во него. Три пати до сега купувавме 40 кила месо и го сладирав во замрзнувачот, но сега откако го потрошивме мислам дека имаме проблем. Наиме од неќна почна да се вклучува алармот на замрзнувачот и се додека не го исклучиш тој свири. Неќна беше фатил премногу мраз, а работите внатре од типот на сладолед и коцки мраз не беа замрзнати. Вчера го исклучив за да се отопи мразот и да можам да го исчистам, но кога маж ми денеска го вклучил пак гледам дека пак свири и тремка сијаличката кај алармот. Дали е расипан или нешто друго е? Мене ми е страв дека може пожар да предизвика. Инаку се слуша дека работи дури некогаш и како ептен брче, не знам како до опишам. Следната недела одиме на одмор и во план сум да го исклучам скроз сега за викендот и кога ќе се вратиме после 2 недели пак да го вклучам. Од една страна да е расипан мислам дека нема мраз да фаќа но не знам, не се разбирам. Убав ден.
Ја имам од али експрес, околу 2 долари беа, ама можно е во Џамбо да најдеш. Или па во аптека да прашаш. Сеа ги користам нонстоп за спиење пошто звуците на пуштени климатизери наоколу ме излудуваат.
Во станот каде што живеам под кирија поради дефект сметката за одржување е многу поголема од вообичаено.. Дали може да си платам регуларно колку што ми е месечно одржувањето и да кажам дека другиот дел од сметката што имало дефект не е моја работа и треба да си плати газдата на станот? Зашто јас би плаќала за дефект во зграда каде што станот не е е мој, нели е нормално он да си плати за дефектот а јас само колку што е месечно одржување на зграда..
Пиши на Гугл reverse image search и додај ги сликиве. Ќе ти излезат слични слики или исти ако биле објавени негде и ќе видиш од каде е
Сакам да го сменам матичниот стоматолог на дете... Ме интересира дали него му стасува дека не сме повеќе негов пациент? И дали можи да види кај кој доктор сме сега?
Значи стварно се безобразни и кажав немам матичен може да ми се пишеш. Ајде да видиме шо треба да работиме после . Работа има куп и фати приватно ми напплати 1600 сосе анестезија убаво работи се тоа ама на пола е бе со од фондот. Па ми значи...
Работат ама не снимаат за да казнуваат. Треба прво законот да пројде, па се тоа фино лепо во службен весник и после тоа веќе може да снимаат и да пуштаат казни.