Мислам дека само еден ден назад можат да отворат (или можеби можат ако за тој ден имаш бидено на болница/брза помош и ти имаат документ дадено)
Здраво, дали некој знае некој чевлар во Скопје каде може да се однесат светли од превртена кожа чевли да се исчистат. Чевлите се крем боја но од носење се прљави
Здраво. Извинете малку смотано прашање, ама ќе патувам со авион и ќе носам лаптоп во carry on. Кабелот за полнач нема да е проблем да го носам исто во carry on, или мора во куфер? Некој ми спомна не смеело кабел, се сметало како опасно средство за да се повреди/задави некој. И сега мене ми нема логика лаптоп без кабел за полнач да носам.
Дали му стигнува нотификација на личноста ако испратам follow request и после тоа одма да го повлечам барањето. Да кликнам cancel request. На грешка кликнав кај една особа Одма во секундата го повлеков барањето ама дали ќе има нотификација кај неа..?
Покажува, освен во случаи кога лицето ги има оневозможено нотификациите. Еден куп нотификации имам добиено за барања за пријателство, кога ќе кликнам на нотификацијата, не постои барањето веќе.
Ќе ја види само во моментот ако му стигне, ама чим направиш remove баш таа нотификација ја нема. Додека во случајот со лајк, стига нотификацијата и си стои дур не ја отвори иако направиш remove, што е многу по крипи затоа што кога ќе отвори ќе види дека си тргналa лајк. и сум грешела, и грешеле па по тоа знам.
Еднаш прашував што се деси со темата за македонските инста блогерки на форумов, ама уште ми е мистерија Знам дека таму имаше секакви недолични коментари па може затоа и не постои веќе, ама имаше препораки и за handmade профили што во моментот не ги заследив, а сега ниту можам да ја најдам темата, ниту коментарите во нотификации… Како и да е! Ве молам препорачајте ми мали бизниси за рачни изработки, ако сте купиле или добиле поклон од некој таков бизнис. Ми се ближат многу родендени на блиски луѓе што исто како и мене си поштуваат такви ствари, па сакам да си насоберам идеи, фала ви многу!