Дали некој го има пробано ова од жито? Пишува веган, а филот е ко мелено месо, ама па нема вкус на месо, се мислам дали да јадам, бидејќи не јадам месо, ама не можам да препознаам што фил е ова? Некој да не го купил и знае? Спојлер
Не знам каде да го поставам прашањето Треба да се венчаме и крстеме бебе ама кумовите се католици а ние православни и сега од цркавта не ни дозволуваат да не венчаат зошто кумот бил Католик. Некој со слична ситуација?
Слушам нешто проблеми со јавен превоз по Скопје, многу се чекало... Но, сепак, која бројка на бус треба да ја фатам за да стигнам од East Gate до центарот/плоштад/жена-парк? И, кај е постојката? Глупи прашања може се, ама јас сум тотално без компас и баш треба да ми се нацрта за да можам да се снајдам во Скопје, многу ми е хаотично
Станицата што е спроти хотел Континентал, под булеварот има тунел, низ него излегуваш од другата страна, на таа станица фаќаш 50. и те носи во центар.
прв пат слушам, нас не ни бараа, само не прашаа дали сме крстени, искрено не ни имам јас крштеница, изгубена е некаде
Пиши вака за било кој град. Може Загреб? Другиве не верувам да имаат толкава линија. Љубљана може да има исто.
Здраво, ние лани правевме крштевка на две дечиња во исто време со различни кумови и никакви документи не побараа ниту за родителите , ниту за кумовите. Да прашате во друга црква можеби друг пристап имаат .
Нас за венчавка во црква ни побараа крштеници од нас, кумот, старосватот и деверот. Ова пред 6 години.