Да, зависи од црквата, нас ни побараа. А за крштевка имам слушнато кумот требало да биде "чист", знаеш на што мислам. Па не ќе го прашуваат дали вечерта имал или немал. Знам за венчавка истото важело и за старосватотот и деверот. Инаку и мене не знаев кај ми е крштеницата, се вади во црквата кај што си крстена, веднаш ја даваат.
Ina li online stranica za porqcuvanje na martinki? Vo Prilep vo edinstvenio butik kaj so gi ima malce nerealna mi e sumava od 14 iljadi?
Мислиш на Dr Martens? Има за порачување на officeshoes.mk и arthurs.com.mk ама цената им е таа, од 12.000 нагоре. Види може да има поевтино, имаат попусти.
Толку се. Разгледај на странава, има доста избор. https://arthurs.com.mk/product-category/men/obuvki-mashki/?attro-brand=20
Направено е со веганска имитација на месо (тоа ти е garden gourmet слично ко она на компанијата Нестле). Веројатно е од соја.
Леле да, а цело време викам на што ме потсеќа вкусов а оно соја имаше сигурно, само не ми текна, не ми личеше дека е мелено месо Фала
Аааааа, од каде од центар, најблизу до улица Македонија, можам да чекам 50ка за да ме однесе до EastGate?
На Рекорд, ќе чекаш нормално во правец за накај Автокоманда. Релативно блиску е од таму, околу 25 - на мин пешачење. Побрзо пешки би стигнал одошто со бус. Ќе се снајдеш, не се секирај, у Ск нема да се изгубиш.
Дали некој случајно знае број од Поликлиника Железара што функционира? Најдов три броја на интернет, на ниту еден не можам да ги добијам, ми одбива автоматски..
Можеби не е прашањево за тука ама ај да си ја пробам среќата.. Дали некој знае колку време се чека за исплата од осигурителна компанија при сообраќајна незгода и нешто ако знаете околу процедурата? Лесни телесни повреди + кола отпад. Ако не би сакале тука, слободно пишете ми лп.
Во Јане Сандански за вакцинација на деца од колку до колку работат? Само ми треба потврда да земам и да ископирам картон, не ни носам дете за вакцина.
Да ве прашам ако има некој познавање со ЕВН. Саатот сакаме да го исклучиме во смисла никој не живее тука, дали после за приклучок ќе биди 30 илјади ? Или има сменето нешто во законот?
Ако го одјавиш саатот, да. Ако само стои уклучен ( т.е со извадени осигурачи) и плаќаш осветлување секој месец, тогаш не.