Абе има ама ко тепани се, сакам убав портокал, не е проблем да си го платам, само не сакам од оние истепаните. Еве денес бев у Верото и нема убав портокал, не можам значи, ми се јаде портокал, жими се ќе нарачам некој од Странција да ми донесе, значи не можам. Мислев да не имате некои маалски продавнички со напукани цени и убави портокали.
Е такви се сега портокалите , посуви и невкусни . Тоа е како да бараш убава тазе сочна и блага вишна у ноември . Или стасано јапонско јаболко и смоква у април
Идам утре. Фала многу. Абе идејава ти е топ, ќе идам и ќе им купам една гајба, колку сакаат нека ми ја наплатат, мислам дека ќе побацам без портокали. Фала ти и на тебе.
Кои од агенцииве нудат патувања за празници кога е споено, ама да има можност со авион или сопствен превоз. Автобус не
Темата А1 поранешен вип оператор не е толку активна па тука ке прашам ако знае некој. Значи печатени сметки престанаа да ни стигаат дома веке неколку месеци од А1 викаат дека е до поштата, а истото и на други луѓе им се дешава да не стигаат на адреса. Е сега кога ке дојди повисока сметка имам прашано и не знат да ми одговорат (пример дали потрошил повеке таткоми, мајками, јас или братми) или се прат наудрени. Во пакет сме цела фамилија и домашен итернет телефон фиксен и тв. На мој А1 апликацијата не знам да се снајдам што е точно потрошено, ако некој знај да ме просветли.. Што е чарето?
Мислам дека немаат објавено такво подетално инфо. За артисти не знам, ама имаа објавено само листа на градови и останаа уште Скопје и Кавадарци, значи уште два викенди се. Би требало денес да објават кој град и кој ќе настапува овај викенд. Следи на нивната страна на ФБ.
Мора да ти кажат што плаќаш, побарај си детална сметка. Не сум ја користела скоро апликацијата но ако не најдеш друго решение, ќе ти помогнам, пиши ми лп.
Ако знаеш кој поштар носи сметка кај вас, да одиш во пошта да кажеш дека тој не носи од А1. Во апликацијата во делот Сметки има дел за преглед. Допираш на последната сметка и имаш опции Преглед и Детална сметка. Инаку, најдобро тој на чие име гласи пакетот да појде во салонот каде што е правен договорот и да побара да му кажат или да му дадат писмено.
Ако знаеш случајно, дали има опција на електронското банкарство да стигне известување кога ќе префрлат пари? Бидејќи моментално сум стопанска и немам, тек кога ќе влезам во апликацијата.