Да, во банка ми заменија без проблем, за сто денари. Ама не беше парата премногу оштетена, фалеше ептен мало делче, ама доволно да не ја примаат никаде.
На кој број во МВР можам да се јавам за да закажам за сликање за возачка? Поднесов барање онлајн во петокот, но не ми се јавија уште.
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 072 92 92 92 (мобилен) и на 0800 192 92 (само од фиксен телефон). Доколку сте закажале онлајн, нема да ви се јават, проверете на вашата е-маил адреса (и во спам) за повратниот маил што треба да ви пристигне од МВР. Воедно можете во резервации да пишете матичен број и ќе ви искочи датумот и терминот што ви е закажан. https://termin.mvr.gov.mk/Check_Reservation
Проверив онлајн и бидејќи не ми го пронајде терминот, се јавив и закажав. Го пишувам ова за да знаат и другите и да не чекаат џабе туку дирекно да се јават.
Помагајте на очајна трудница Каде во Скопје има кадаиф ама онака кремаст со ванила крем... Мачно ми е да правам..
Дали во Спорт Реалити имаш опција да вратиш производ и да ти вратат пари? Сакам да земам поклон патики, бидејќи незнам точен број мислев да земам два пара 38 и 39, да ги пробат, па после едните да ги вратам?
дали матичен лекар треба да е лекар во близина на адресата на лична карта или може кој било? како се менува?
Не мора да е во близина. Одиш кај тој што ти е сега и кажуваш дека сакаш да се отпишеш и да ти го дадат картонот. Со картонот одиш каде што сакаш да се запишеш. Можеш и воопшто да не одиш кај сегашниот матичен и само да се пријавиш кај нов, но добро е да го земеш картонот за да има поголем увид до документите.