Ако се напиеш има шанса да одмориш. Пробај, ништо не губиш, може само да добиеш квалитетен сон и одмор.
Не знам колку мг.се ама пола ќе се напијам. Срцето многу ми чука навечер ,се тресам и имам некој страв.
Сега се напијав половина од мелатонинот и верувајте цела се тресам од страв, не знам што чувствувам и мислам ке ми се случи нешто .
Мислам ке ми се случи нешто од апчето ке се отрујам ..мислам секој момент ке почне пена да ми тече од уста.
Да дури почнувам симптоми да осекам ,еве срце ми чука забрзано и се тресам малку . Ама и пред да се напијам од мелатонинот осекав малку вака .
Не знам можно е ,сега ми се врати се откога баба ми добија рак ,јас пак почнав да добивам паники и анксиозност. Ништо нема да ми е од пола апче мелатонин нели ?
Мислам дека најдобро би било да се обратиш на психијатар. Најтопла препорака. Ќе ти помогне, не треба сама да поминуваш низ овие тешкотии. Постои решение за сѐ.
Добро, мисли си така и седи си без да правиш ништо, што да ти речам. Бараш помош и совети, луѓето ти даваат совети, и пак негодуваш дека не постои решение. Како да ти кажам...
За ова разбирам тага, напнатост, се... Господ знае како ти е на душата, нека ти дава сила Ама искрено, мене ме фати нервоза само од што те читам, којзнае како ти е тебе во главата. Мораш да решиш да се опуштиш малку, заради сопственото здравје и разум. Не е проблемот мелатонинот, билен чај, топло млеко или било какво помагало за сон. Не сакаш и не си спремна да прифатиш помош. А овде на форумот толку можеме. Искрени совети доби, гледам дека од петни жили сакаш да ги послушаш ама се бориш со сама себе. Како лаик на тема психологија, ми личи како во тебе да има разумна личност која подава рака за помош, а од друга страна некој "демон" ти ги пумпа негативните емоции и повеќе од потребно. Не заборавај дека без разлика на ситуацијата, ти си човек и твоето тело и ум имаат лимит. Не е себично да се погрижиш за себе. Убаво би било да разговараш со личност во која имаш доверба и знаеш дека има влијание врз тебе, а и не ја исклучувај опцијата за професионална помош. И на крај, да ти одговорам, во периоди на стрес или кошмари, мене ми има помогнато Лунерба и тоа дневна (без мелатонин) и чај "Laku noc" Фруктус (го има во Кам, плаво пакување). Би требало да се квалитетни и таблетките VitaCalm Melatonina и/или чајот Vitacalm Buonanotte Tisana, фирма Биослајн (Виола аптеки).