Да си посетиш психолог , имаш панични напади и анкциозност . Ќе те советува и ќе ти даде соодветна терапија да се смириш, ништо страшно.
Не знам што апче е тоа, ама мислам дека не ти е од апчето паничен напад е тоа. Жива е уште баба ти, може ќе се излечи.. Нема решение за смрта, ама неможеш да умреш со умрениот.. Подобро гледај ја смрта од друга перспектива, не оди на лошо место тој што умрел и еден ден ќе имаш прилика пак да го сретнеш. Мораш да продолжиш со животот, океј е што ти фали, што ти е тешко, ама мора да продолжиш. Тој човек што умрел што мислиш сака таква са си сега да се уништуваш по него? Баба ти сака да си тажна?
Абе најсигурно е по Дхл, и еве најмало пакетче до 2 кила е 12 евра од Немачка. Кажи кој парфем, ќе видам да го најдам може се продава со достава до Мк па ќе биде и поевтино. Или може на фришоп го има...
@Gosh А не ми ни текна за Германија Јас гледав по британски парфимерии, дека од Британија имам нарачувано работи, 5-6 што прашав, вршат достава секаде, освен тука секако Гледав кај нашите тука Free Travel Shop, ама немаат каталог, ни слики од кои парфеми им се достапни. Спојлер: Le парфем Го има на официјалната страна на брендот, ама ни тие не го доставуваат до тука, ги прашав и нив. Кога ќе можеш, провери ако не ти е проблем and thank you in advance за одвоеното време
Ти го најдов кај нас... Иначе не знам од кај си, али го иам глеано у парфимерии кај нас, Сити мол мислам... Можеш да се јавиш да прашаш. https://fragrance.mk/p/roberto-cava...Fv8yBuUoM2aVBNVGZgKbeQQ5B_bHSIFgKN9zjoKxTz45m
@Gosh Да, да, знам дека го има и тука, баш и на Fragrance.mk го гледав, ама баш па за него одоздола има рецензија од некоја девојка која го купила и не бил траен Па не ми се зема од тука, верувам дека не се воопшто оригинални, ни по Космо, а Шатци уште помалку
Тебе треба да те банираат од темава за твое добро. Или под хитно да се исклучиш од сите социјални мрежи, море од интернет да се одјавиш и да го запалиш рутерот. Оди прошетај, земи си куче, земи читај љубовни романчиња, решавај крстословки, вези гоблен, хеклај.
Девојче, добра си? Те читам цело време, сѐ нешто за болести прашуваш. Навистина ме загрижуваш Те молам посети стручно лице, батали го форумов. Пушти си некоја добра комедија, олабави го мозокот малку... Те молам, за твое добро
Па не мора да значи дека е фејк, него оти е тоалетна вода, а не парфем... Све наоѓам некои сомнителни сајтови, а и плус кај нас ќе мораш и царина плус да платиш на доставата, сеа ми текна....
Треба да си информирана и да ги земеш информациите со резерва. Така кажува четгпт, мила моја. Дали ќе добиеш информации на форумот или од чика гугл, важно е да знаеш дека речиси сите болести се лекуваат, поголеми се шансите да починеш на улица, или на пример размислувајќи за болести. Душичко, премногу си млада да размислуваш за најлошото,животот е прекрасен,птиците пеат наутро,мирисот на кафе те расонува, сонцето ја осветлува твојата соба, ти стасува мотивирачка порака на телефонот. Мила моја, не се толку вознемирувај при најлоши вести диши со полна плуќа,диши како да нема утре. Медитирај,читај книги, прошетај се покрај кеј,оди во парк,гледај серија. Прави сѐ, не дозволувај мислите да те убијат.
Од нигде никаде ми стигна од мк пошта картонче со мое име и презиме и адреса, ,,препорачана пратка" Не пишува од кого е. Што се подразбира под препорачана пратка? Што може да биде испратено. Совет?? Никогаш не ми стигнало вакво нешто... Ме вознемири ова ..
Препорачана пратка најчесто е некој документ или нешто слично што мора лично да го примиш/подигнеш ти.