@firequeenn Пребарав на страни што знам и секаде е распродаден, за жал. Инаку, како алтернатива, може да ги ѕирнеш овие: Спојлер: Предлози Линк Линк Топ + здолниште Линк од Алиекспрес, го има и подолу на други слики поевтин, но не знам каков би ти стасал искрено. Ако видам на некои Инста страни сличен, ќе допишам Инаку важна ти е бојата + ресите или халтер дизајнот + ресите?
Од Зара е. Го имаше ми се чини лани во продавница, а го меркав и јас онлајн пред 2 год. за една свадба. Така што постар модел е.
Дали за надградба на профилот на uslugi.gov на ниско ниво е потребно да се оди во центарот во градот според лична карта или може и во друг град?
Смее ли да се издава стан кој е под хипотека? Редовно си се плаќа кредитот, има и имотен лист со име на сопственикот, и нормално си стои и хиотеката.
Види го договорот со банката, дали има нешто вакво како "забрана" за одреден период. Во принцип смееш, не смета хипотеката, кога си редовен плаќач.
Да, ама ви треба изјава согласност од Банката, бидејќи во Договорот за хипотека пишува дека без знаење на банката не смеете да располагате со станот.
Стави чиста вода во кофа едно капаче од варкината и стави ги мајците да отстојат малку и после испери ги.
На изборно место „на кутии“ што седат-проверуваат податоци, спреј на прст и слично-не знам како се викаат тие, како се пријавуваат, каде?
Ако си активен во некој штаб ,лесно ќе стигнеш до таму. Само да знаеш дека , не секогаш исплаќаат редовно ,од луѓе кои ги познавам , еднаш после 5 месеци им ги пуштиле тие пари. А јас да прашам , дали со врски ако има оглас некаде државно пак се полагаат прашањата од Агенцијата за администрација?