да посебно храната , хотелите чисти пречисти 3 пати сум била во различни хотели преубаво средено и храната многу убава , би отишла пак.
Преку агенција да , не беше скапо ама колку не се сеќавам бидејќи фамилијарно идев. Петок , сабота и недела со доручек и вечера , дали 200е ама не сум сигурна пак. Само храната навистина се и сешто имаше , мене многу ми се свиѓаше, пребогато мени имаат
Каде се вади овој документ? Да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение) Од матичната не ми го признаваат
Лекарско треба да извадиш незнам од кој град си прашај во кои болници може да се извади. Слично ти е како за возачка лекарско само може различни контроли во зависност за што ти треба.
Функционира само доколку слухот на кучето е добар, односно ако не е глуво. Во спротивно не функционира.
Тоа е прекрасен чин, особено ако се случува во декември, еден вид на предновогодишен академски поклон, свечено завршен факултет - свечен крај на годината! Доаѓаш неколку минути пред закажаниот термин, ти даваат свечена облека (вид кецела, обично светлосина боја). Ти секако претходниот ден истуширај се. На почетокот од свеченоста се пее песната Gaudeamus igitur на латински јазик, потоа следи поздравен говор од деканот на дотичниот факултет а потоа, доколку ги има, се читаат имињата на магистрантите (тие што завршиле постдипломски) и ѝм се предава дипломата. По нив следат дипломците, аплаузи, сликање (кој зел мобилен или фотоапарат). Потоа кој сака во аулата може на елката да напише и остави новогодишни желби до Дедо Мраз. Кецелите ги враќате на теткиците хигиеничарки или веќе како е предвидено. Сето тоа трае околу час, час и половина. Среќно!
Фала А облека нешто треба дотеран како кога дипломираме или нема врска. Валда ние не држиме говор така ли, само ни ги читат имињата и си ги земаме дипломите.
Многу од облеката нема да се гледа бидејќи ќе бидете прекриени со кецелите, но говор нема да држите, само ќе аплаудирате на тие пред и по вас и обратно. Затоа е пожелно да не се напушта церемонијата додека трае, оти ако секој си замине штом ја земе дипломата, на крај последните неколкумина ќе бидат осамени, малце без врска би изгледало. Ти посакувам дипломата бериќет да ти се стори!