Еве во Црна Гора цените на горивата отидоа плафон. Значи и нас не чека исто. А Мицика кажува да не се грижиме, нафта и бензин има колку сакаш.
Ајде и тука да прашам ако можеби знаете дали Waikiki имаат ваучери? За подарок итно ми треба, а прашав у De facto немаат.
Здраво..Сакам да прашам дали и ние по бевме во Хрватска сезонски треба да пријавиме дека сме платиле данок таму? Немам никаков документ само на платната листа пишува колку ми одбивале од платата за тоа.
Тргнати се. Уште од самиот ден ко се случи, во маркетиве имаше гужвичка со на акани ствари, од вода и сокови до тоалетни
Петокот вечер у кам кај мене било лудница… живо ме интересира кај ќе ги носат тие намирници ако има војна и лебот во шо ќе го печат ако нема струја, што обично бива во војна. Денес ќе има покачување сигурно, цената по барел рипна бајаги. Очекувано, тоа е. Ние секако не сме фактор, како држава мислам, па да одлучиваме
А нафта на Макпетрол нема од четвртокот. Со чест на исклучоци на некои бензински. Кај нас Регулаторната комисија не дере. Немаат г'з да направат како сите останати држави на Балканот, кога секоја бензинска си ја одредува цената на горивото. Ама кај нас сакаат да го дерат народот. Да беше ова Германија или Шпанија и да правеа вака, замислете што ќе се случеше.
Цело време викаме само кај нас, но не е така. Германија уште првиот ден од нападот нафтата е рипната дупло, франција исто. Луѓето одат исто како и кај нас точат во пластики од по 10+ кг. Така да, не е само кај нас ова, работата е што нас како “велесила” никој не не прашува и неможеме ништо да направиме за да спречиме.
Да, ова е на глобално ниво. Но некои држави за да си ги заштитат граѓаните со цени и нафта, забрануваат извоз на горивата, а такви држави се Србија и Кина. Кај нас нема никаква заштита. Цените до крајот на неделата ќе бидат не плафон, туку облаци.
Па Германија најпрво ја дигнаа цената, уште одма, мислете по другите земји рози цветаат. Исто е веќе секаде се отиде во неповрат.
Ја дигнаа цената, ама не ја дигнаа толку колку кај нас што ја дигнаа. Германија е сосема друго. Таму функционира системот, иначе тие таму одма на протести излегуваат и ќе запалат се живо и диво. Не се како кај нас, на фб да се жалиме и плачеме.
Абе еве гледам… функционираше до пред некоја година… луѓето се се поразочарани низ цела Европа, не само кај нас
Дали ако си со договор на определено, има можност да ти одобрат потрошувачки кредит, некоја мала сума до кај 2-3 илјади евра? За во банка прашувам, за брзи кредити не.