Може. Не е битно каде ја извршил операцијата (дали приватно или државно), боледувањето го дава на крај матичниот лекар со отпусниот лист и извештајот.
Што да ставам на кондури што ме убиваат, одозгора на стапалото? Не ми се тесни, не знам што им е проблемот само на едната ми разранија ногата а нови се и не се ефтини и сега се нервирам ако стојат така во некој ќош.
Да видиш некои влошки, мислам има и влошки , некои од нив се и како гел за цело стапало, а не само за одоздола. Или некоја друга алтернатива за да ти се намали триењето на стапалото со обувките.
Пробај во натрешноста кај што те убиваат намачкај некоја мрсна крема да омекнат малку. Намачкај убаво да има и така 2-3 пати мачкај остави да упие. Јас имам мачкано со нивеа помада онаа темно плава
Ми треба мислење од лично искуство за МАЧА. Пиете ли, добра ли е ? Мислам, корисна ли е ? Вкусна знам дека не е, пробав еднаш од кесичка, никаква. Е сега, читав мислења на интернет, поделени се..
Тревка е. Јапонски зелен чај, така да корисна е. Се што е на база ,,трева", корисно е. Е сега не секој може да ја пие. Јас на пример еднаш пробав малку и никогаш повеќе.
Јас пијам веќе година ипол, и ми нема подобро. На почетокот и мене ми беше малку гадна, меѓутоа со време научив како да ја правам подобра. Ќе си купиш квалитетна мача, јас купувам од Зен Мача и е малку поскапа меѓутоа веќе знам дека ми прија. Имаат и помало паковање па можеш за почеток такво да земеш. Ќе ставиш една ипол лажичка, со млеко, можеш за поубав вкус да користиш бадемово млеко, да го смешаш со маталка како за нескафе тие електричните (јас таква користам) и убаво да се промеша. За вкус можеш да си ставиш мед. Ако не ти е убаво така, можеш да пробаш со јаворов сируп малку ептен, или да купиш од сирупите на монин што се со вкус на јагода, малина итн. Инаку пиењето мача има милион придобивки, како најважен е дека го зајакнува имунолошкиот систем, мене ме релаксира целосно, го изрегулирав холестеролот откако пијам мача, концентрацијата после 3 саат односно после ручек ми ја зголемува, а и добра за намлување на крвниот притисок. Има милион и една придобивка така што нема да згрешиш да пиеш. Ако ти треба помош околу подготовката слободно пиши ми, на почетокот е секогаш trial and error
+1 на ова шо пиша @bookslover и ако можи линк од та шо ја пиеш оти засеа купвам само, сакам да почнам да си прам.
https://zenmatcha.mk/products/zen-matcha Јас оваа ја купувам. Предходно скоро година дена ја пиев таа од Зегин и не можат да се споредат вкусовите. Меѓутоа мислам дека за почеток може да се земе и таа од Зегин додека се навикнете на вкусот дома, и како да ја правите по свој вкус. Оставам линк и за таа од Зегин https://zegin.com.mk/mk/nutrisslim-organska-macha-vo-prav-70-g
Јас ја правам со еден шот еспресо, млеко и мраз. Искрено има интересен вкус, многу се чувствува вкусот на чајот. Но не ми е за секој ден да го пијам.
Искрено, радо би да земам квалитетна и да ме бендиса оти засеа само од Микел пијам. А, знам дека да земам квалитетна мача + монин јагода ќе ме кошта поефтино од сега. Ќе земам ова шо прати, фала. Имав една од инстант ќесички, најодвратно нешто.
Од La cha имам поодамна купено квалитетна мача. Мислам дека беше оваа: https://lasoy.com.mk/shop/чај/зелен-и-бел/matcha-ujicha/
Јас од La Soy ја земав поефтината и добра беше. Зен Мача чива е? https://lasoy.com.mk/shop/чај/зелен-и-бел/matcha-taishan/
Мене искрено ми е преубава и не го сфаќам генералниот хејт. Треба да ја раствориш во топла вода(пред зовривање) и убаво да ја измешаш за да не се направат грутки, па од таму можеш да додадеш што сакаш. Јас лично ја оставам да ми се олади и после додавам млеко и лед, ја сакам ладна повеќе од топла. Ама можеш да пробаш и со други типови млеко, со мед, со некаков сируп...