За кого како. Државна администрација нема да работи, банките исто нема да работат. Моловите ќе работат. Некои локални продавници кај мене у околина гледам со скратено време ќе работаат.
Верски празник е, не е државен. Така да маркетите ќе работат, некои продавници кај што има муслимани ќе работат. Трговските ќе си работат. И така.
Каде да купам убава канцелариска столица? Во јуск ги гледам, ама сакам и на друго место да погледнам. Фала ви
Извини за доцното враќање, со кошничката вртат на Велики петок, кога ќе си ја земаш. Всушност кошничето го поминуваш под плаштаницата и крстот. Е сега некои еднаш, некои три пати. Ова го зборувам за западна/југозападна Македонија, а за Скопје во кои цркви не знам.
Истото важи и за училиштата. Македонците мислам не работат, ама другите класови (пр . Албанските) денес мислам дека одат.
Здраво. Ако се мачкам со ракија после колку време ќе се задржи миризбата во просторијата, на креветот, на телото?
Дали има порачувано од yesstyle.com? Toa e страна за онлајн нарачка на корејска козметика. Ама не се од мк Пишува за достава се плаќа 10 долари. Тоа ок,ќе си платам ама дали ќе стигнат производиве? Треба со картичка да се плати Ај нека ѕирни некој и да ми кажи дали можам и дали е безбедно Една маска за лице бендисав
Јас истражував малку и да, безбедна е и многу популарна за корејска козметика. Јас немам нарачано ама како што читав по нет стигаат за месец - месец ипол по обична пошта. Се плака ддв/царина и од пошта треба да ти дадат пусулче (потврда дека си платила ддв/царина) и тоа го сликаш и пракаш на yesstyle и ти ги враќаат парите за ддв/царина како кредит на нивата страна за следна нарачка. Јас меркам некој работи што се доста поефтини на странава ама никако да се наканам да нарачам, некако не ми се чека месец дена Иначе да прашам дали некој го имал сетов и дали вреди да се купи, дали трае мирисот?
Јас нарачував во короната мислам тој период беше, пред да стане корејската козметика популарна тука. Тогаш мислам бесплатна беше доставата и побрзо стигаше отколку сега, барем така читав. Се си беше безбедно тогаш, верувам дека и сега е исто, само што не можам да ти кажам за колку стига и како е со поштарина, од тогаш не сум нарачала.
Буквално имаш страна за скоро цела корејска козметика, elloxy. Немам нарачувано преку неа, ама моментално имаш добар попуст.
Јас го имав сетов. Гелот за туширање ништо посебно, исто како обичен гел за туширање. Парфемот е океј има трајност ама не преголема од типот на да речиме Версаче парфем. Е сеа мирисот дали ќе те бендиса не знам, искрено го класифицираат како летен парфем ама не е баш така лесен како за лето. Лосионот за тело апла мириса и се осеќа кога ќе се намачкаш. Ама после некое време испарува и добива сосема друга нота, чудна некоја. Ако ти е мерак купи си го. За еднаш да го пробаш е океј ама јас на пример не би го прекупила уште еднаш, ни како сет ни како посебни производи.