Ова со поврат на ДДВ со скенирани сметки, откако ќе го постигнеш лимитот од 2.110 ден. , што се случува со вишокот? Ти пропаѓаат или ? Тазе сум со скенирањево
Дали знаете зошто имам проблем за да уплаќам онлјан на транскација преку комерцијална? Имам и oneID, и Мтокен...пробав да активирам преку страната и ми вика неуспешно активирање. Значи можам да плаќам во маркет на пр, можам да вршам преглед но за да одам на трансакции ова ми се појавува, а имам електронска индентификација нели е тоа oneID?
Иначе барам искрено совет не знам што правам и не знам кај да го поставам прашањето. Си нарачав два пара патики од две различни места. Едните дојдоа како што треба, другиве ги гледам изгледа биле оставени во продавница за пробување, се гледа дека едната е носена и плус на едно мало место еден шаф има пукнато. Им пишав на продавницата, ми рекоа сакаш 20 евра да ти дадеме попуст на друга нарачка (истите ги нема на залиха веќе) или да ги вратиш назад и ќе ти ги вратиме парите. Финтата е што на сите други места се по 250 евра, а јас за 140 ги купив. И да ги вратам, нема пак за таа цена да ги купам. Од друга страна нови па да крпам или да залепам, па ич не ми иде. Што би направиле на мое место? А стварно ми се свиѓаат, изгледа затоа биле на попуст, не знам што да кажам.
Без разлика, не вреди да дадеш толку пари а да ги крпиш. Подобро најди друг модел на патики. Според мене подобро да земам друг вид на патики а да се нови отколку да купам “нови” и да ги поправам
Јас да сум одма враќам, и 20 евра да се сакам кога е купено ништо да не фали. Вака половно од 140 евра да носиш испага . Подобро ќе платам 250 ама да се како што треба, со мерак да ги носам.
Добро како луѓево наоѓаат пари за Систина/Филип 2? Сега се јавив за проблеми со притисоков, само консултации ми вика 5000ден, кај се тука крвна анализа, бубрези кур пал, без 350-400е не проаѓам а?
Пред неколку дена бев во Жан Митрев за специјалистички преглед. 4 200, плус такси во еден правец па враќање со бус......... Немам зборови. А на државно нема термин... Т. Е. Има по 1 месец
Многупати ги има во текот на денот, буквално на секои 20-30 минути. Карта ти е 90 ден. во еден правец, нема повратна. Во недела немаш автобуси. Таксито мислам не им е скапо, дали 500 ден.