Еве го конкурсот, најдолу пишува тоа што те интересира. http://www.mon.gov.mk/images/pdf/konkur ... -14-15.pdf
Првото пријавување и запишување ученици во јунскиот рок е на 23-ти и 24 јуни 2014, а резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни. Второто пријавување во јуни ќе биде на 30 јуни и 1 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе се врши на 21 август. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи: пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое у ченикот сака да се запише и истата е бесплатна); оригинални свидетелства од V до VIII одделение; извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од петто , шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10). За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет). За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени. За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
Заврши. Победи данецот. ( Искрено, не по мој вкус, ама честито нека му е ) 1st place - NICKLAS PEDERSEN - Denmak!! 2nd place - NIGERIA 3rd Place - MEXICO Спојлер