41 е повикувачки број за Швајцарија. Еве ти листа на сите повикувачки броеви http://mk.wikipedia.org/wiki/Список_на_повикувачки_броеви_на_земјите
Не мораш да уплаќаш во моментот кога си закажана, можеш во било кој период од денот, дури и не мора да е истиот ден туку може неколку дена однапред да платиш.
Тоа ми е јасно, мене ме интересира дали можам во 19h да идам да уплатам и одма да се сликам, за да не идам сега на пр, после пак да идам...? зошто некако многу касно ми изгледа па да не отидам а не можам да платам и да не завршам работа
Во Пренди кај Олимписки тоа што е имаш такви 420 ден Порано имаше и во Загер во Карпош 4 ама не знам дали има уште 800 беа таму или 900ден.
^Можеш да платиш во било која банка што ти е најблиску и најмногу ти одговара (и пошта претпоставувам), но не ми е познато дека некоја работи во 19h. Единствено мислам дека постои можност на лице место да се плати со картичка кога ќе даваш документи и кога ќе се сликаш, но да напоменам дека оваа информација не ми е сигурна. Евентуално да прашаш на бројот за закажување во врска со ова.
Дајте ми предлог што да и купам на една пријателка, не ја познавам добро, но ми заврши ептен голема работа и сакам да ја изненадам со нешто убаво. Девојкава е ептен типка
Ако и го знаеш стилот можеш да и одбереш некој накит бижутерија, мене ме погодуваат такви работи ептен, поготово менѓушки. Парфем, па дали ќе и го погодиш вкусот, чоколадо, тоа е премалку ако ти завршила голема работа, марама би можела, новчаник, ташна Срам не срам ќе си кажам, тоа добивам јас кога ми носат странки за завршена работа, покрај безбројните бомбоњери, торти, колачи и кафе
Во банките вршат уплата до 15 h, но во пошта вршат уплата до 19h. Па така можеш да одиш и да уплатиш во 18: 30, и веднаш да одиш да се сликаш. Отиди порано, бидејќи секако ке има ред пред тебе за сликање, па од лично искуство, нема да се сликаш во 19, туку барем 10тина минути покасно.
Прашав во темата Лузни, флеки и изгореници, ама бидејќи ми е итно ќе прашам и тука. Се депилирав со ленти Veet на надусниците(бркчињата) ама ми се оштети кожата и сега ми е црвена и излуштена. Што да и ставам да ми помине по можност што побрзо оти утре сум на забава, а во сабота на свршок
Ништо не чепкај за да не се иритира повеќе, остави да се засуши кожата и утре покриј го тоа со пудра. Јас од тие причини никогаш не користам ленти, обавезно со нив може да се зезне човек. Земи си восок од оној во зрна што е, ќе го растопиш и со него, поарно е отколку ленти.
Аааа е ова за поштиве не сум го знаела, таман да си знам за друга работа. Завршив со ова, ги препишав сметките од страната на мвр па си уплатив во најблиската пошта, за да не идам до таму да ги купам. Фала ви : ))
Јас да ти кажам со чупалица ги фаќам оти со било какво депилирање ми растат повеќе а вака со чупалица ептен ретки се.
Имам ваков телефон скроз ист како на сликата..Сакам да најдам маска да си купам..Колку пари е да не знае некој ?
Jас пак ги депилирам надусниците со ленти Veet и саmо доколку на исто место ја ставам лентата неколку пати ми се јавува црвенило, пецкање и ми се лупи кожата. Затоа нареден пат пројди ги надусниците само еднаш, максимално два пати, и останатите влакненца со чупалица. Исто така, сега стави некоја помрсна крема, или уште подобро ако имаш стави "песоклива трева" (кантарион), или маст од невен.