Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Девојки, сакам да прашам колку чини поштарината да испратиш нешто од 1 кг. до друга држава?! поточно во Калифорнија... ??! :o
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, кажете ми колку отприлика време е потребно да се опорави човек после вадење на умник? 2 дена доволно се за да се застане на нозе? :D И колку отприлика трае целата процедура на вадење на забот?

    Знам дека тука побрзо ќе добијам одговор, затоа тука прашувам. Фала однапред :)
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Па нема нога да ти оперираат па да застанеш на нозе. :D Се шалам.
    Па зависи од тоа како ќе ти го извадат умникот, дали ќе има компликации, како ти се наместени корењата, дали ќе има потреба од засекување на коската за да се извади коренот.
    На пример јас кога вадев долен умник, поминав низ хорор. Болката во моментот на вадење на забот не ја осетив поради анестезијата, но знаев се што ми прават, иако лицето ми беше покриено. Откако милом неќеше да излезе, почнаа силом, да ме сечат со тоа машинчето бзззз па буричкаа, па пак неќеше, па пак стругнуваа од коската и после повеќе од половина час, неполн час, умникот излезе.
    Болка имав откако ми помина анестезијата, отокот можеби за два дена, ама мене ми го ебаа нервот(лингвалниот), најверојатно докторката го повредила некако, мислам при шиење на местото дека го повредила со игла, таа болка ја осетив тогаш, не толку како болка, повеќе како некое непријатно чувство кое не можев да го поднесам. И еве и по повеќе од две години, мене половина јазик како да ми е втрнат, добив пареза која не помина. На почетокот ми сметаше, па почнав да се привикнувам.

    Кога вадиш умник, добро избери го стоматологот. Јас треба да вадам корени од голем умник (бидејќи целиот ми се изрони), ама не се осмелувам да отидам на стоматолог.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    Како што ти кажа Абеја. Ти ќе стоиш на нозе, ама лицето ќе кажува друга приказна.
    Јас недела дена бев со отечен образ, како балонче што не се смалуваше, дури после недела дена почна страв да ме фаќа, ама среќа помина.
    Мислам дека горните умници се по лоши за вадење заради самата положба, уште пак ако е испревртен забот (леле, страв ме фаќа од нив)
    Операцијата не би требало да трае долго околу половина час, болка нема да осеќаш додека го вадат, а за потоа пиј аналгин и држи ладно постојано
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Abeja ма, не ме зафркавај, сериозна е работава :D Како што ми е страв, ништо чудно и да се онесвестам таму во ординација, па да треба буквално да застанувам на нозе после :lol:
    Оф леле, милион луѓе, милион искуства, не знам што да мислам. Мечка страв, мене не страв, ќе одам и ќе го извадам (долниот умник де :lol: ), па што сака нека биде.

    А некој да не има искуство со вадење на умник во Ендомак во Аеродром? Се мислам за нив, многу се фалени, ама дали стварно ги бива?
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.511
    Пол:
    Женски
    ^
    Пред 2-3 години кога требаше да вадам умник бев во Ендомак, арно ама ме препратија да одам на клиника бидејќи они не ваделе умници. Не знам сега како е.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    61.605
    Sexybaby86 - Секој организам е различен, па затоа со точност никој од нас нема да може да ти каже колку време ќе трае вадењето на умникот и колку време ќе ти треба да си дојдеш во нормала!!! Исто така секој од нас има различен праг на болка, па така само ти ќе си видиш колку време ќе имаш болка по вадењето на умникот. Но, се е минливо, па и тоа ќе помине!!! Биди храбра и со позитивна енергија, набави си аналгетици за периодот по вадењето и со среќа!!! :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јас мислам дека многу зависи и од тоа дали се прави операција или не.

    Мојот умник ми го извади матичниот стоматолог без операција како и било кој друг заб. За неколку часа си јадев лесна храна, а наредниот ден веќе немав никакви проблеми. За разлика од мене сопругот има извадено 2 умника со операција и 2-3 дена после операцијата имаше доста болки и не можеше да јаде, освен чоколадно млеко знам дека ме тераше да му купувам (демек тоа можел да пие :?: ), павлака, кисело млеко (на собна температура, не ладно, не топло, и др. полесна храна. Последниот 3 умник скоро го вадеше без операција му го извадил д-р и знам дека исто како и мене немаше проблеми.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Девојки тоа на рекорд што е за цедење свежи сокови и салати од колку до колку работи?
    Фала
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    20.072
    Јас имам ненормално позитивно искуство со вадење на 3 умника, на нозе застанав веднаш штом станав од забарското столче (ме сваќаш што сакам да кажам). Најголемата болка што ја почувствував беше ставањето на анастезијата, самото вадење дали траеше 2-3 минути, крв ми течеше колку што ми течеше и после вадењето на млечните заби. После тоа ниту ми требаа апчиња против болка, ниту течна храна, ништо, се си беше во најдобар ред. Забите ги вадев кај матичниот забар.
    Со лесно и немој да се плашиш :*
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Како прикачувате слика од компјутер во коментар овде на фемина мислам?
     
  12. cetkicka

    cetkicka Нов член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    4
    девојки, ќе погледнам за бел рум во Веро, а да не знаете колку отрпилика би му била цената? благодарам.
     
  13. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    Дали работи зоолошката градина денес во недела ???
     
  14. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Епа одиш на брз одговор,па кон стандардниот уредувач и сега надоле има опции и прикачи фајл.Стискаш на прикачи фајл.Кај шо пишува име на фајлот има копче choose file,стискаш на него,си бираш слика и на крај стискаш додај го фајлот.Пишуваш нешто ако треба и испрати :) ;)
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    156
    Транспорт и шпедиција што струка е?
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    91.117
    Пол:
    Женски
    Како требаше да си прилагодам да не ми стигаат на меил пораки од форумот ? :tmi:
     
  17. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Работи да, до 19 часот.
    Позз :)
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.562
    Пол:
    Женски
    На колку години почнуваат да растат умниците? :?:
     
  19. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Зависи од човек до човек, обично после 18 год.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Во контролен панел, па во прилагодувања.