simoncelicius, од перење може и да се рашири но и да се стесни но за било каква промена потребно е многу перење а претпоставувам дека џемперчето е од некој квалитетен бренд така да не би се надевала на тоа. На твое место, ако не е скапо (сепак го земаш на попуст) јас би си го купила, сем тоа можно е од самото носење малку и да се `пушти`
Me интересира дали има негде низ Скопјево да се игра одбојка на отворено во парк или како на пр имаше една година мислам дека ако не се лажам на градската плажа?
Купи си го ќе пушти, дали од перење или од носење сеедно. Се пушта и кожни работи се опуштаат, а не па за памучно. Штом ти прави толку мерак земи го.
Каде има млеко во прав, ама за готвење, не тоа за бебиња? Барав низ супермаркетиве немаше, па нешто рекоа во аптека, ни таму немаше
Овалекс Имаш и на бит пазар а имаш и во ГТЦ, скроз доле накај станицата на 57 што беше порано, некаде во тие пролазите Ама според она што јас го имам пробано, мене ми е многу јако ако се подготви според упатството.
Ми вика дека бројот не постои, треба да завртам на него или со тараби и чуда. Леле врска немам стварно, појма неам ни дали е на припејд
Пушти порака на бројов: 142 142 - SMETKA Едит: Спојлер Услугата за проверка на сметката преку SMS им овозможува на пост-пејд корисниците на ONE проверка на моменталната состојба на нивната сметка за тековниот календарски месец. Информацијата за моменталниот износ на сметката не ја вклучува месечната претплата и бесплатното време за разговор и е без пресметан ДДВ. Услугата е достапна без месечен надоместок, на македонски, албански и англиски јазик.
Што би и купиле на пријателка која не е од Македонија ? Она ми рече привезок со македонско знаме, ама јас сакам уште нешто,што е поврзано со Македонија, но не знам што.
Можеш да избереш некој сувенир што ја симболизира нашата традиција,нешто што е поврзано со фолклорот.