Истиов проблем со т-мобиле го имав и јас.Ми лапнаа 250 ден,откако го активирав бесплатниот интернет и кога отидов да се бунам ми кажаа преку онаа е-сметка ( my t-mobile) или како и да се вика да им пуштам приговор.Го сторив тоа и за 2 недели ми ги вратија парите на сметка,само што не добив објаснување зошто ми направиле така и барем извинување.Пробуваат така кај повеќе луѓе,па кој се буни,ќе му ги вратат,а кој не се буни им го полни џебот.Обавезно поднеси приговор,можеш и од дома преку интернет,можеш и таму,но мене ми кажаа да сум им пишала јас од дома,зошто ако тие од таму ми пишуваат ќе требало да чекам повеќе време додека да ми ги вратат парите.
ако си од скопје побарај во New Yorker во City Mall јас од таму ја зедов мојата ама незнам дали сеуште има, ја јазедов некаде пред нова година
Интернет во странство во никој случај да не уклучуваш. И ако сакаш да се конектираш преку wifi изгаси data roaming па после конектирај се на wifi. И ништо да не користиш со самото уклучување на интернет во странство ќе те одерат. Подобро купи си припејд бројче, стај си 500-1000 колку ќе ти треба зависи па прави што сакаш, не ги знам тарифите, може и тие одма да ти ги лапне ама каде каде е подобро одколку на сметка па да уклучуваш интернет во странство. Тие што прашуваа за Вибер, мора да имате смарт фон со оперативен систем па да си го симнете од маркет или плејс стор, па да се инсталира и така натака...
Jaс сум на припејд од Вип и си ставам неделна опција за 100 мегабајти интернет. Дали тој интернет ќе се важи во странство или ако го уклучам ќе ми земе од кредитот? П.С. Некои песни со ниски тонови за пеење ако може некој да ми даде линкови
Не важат пакетите во странство. Јас на одмор коа бев , го изгаснав мобилниот интернет уште од тука и користев само ви-фи, и тоа бааги си користев.Вибер,скајп со мајка ми,инстаграм слики ставање,фејсбуци и сл. не ми дојде ништо дополнително на сметката.
Пред малку јас оговорив на прашање па сега и јас имам прашање, на кое хитно ми е потребен одговор. Ме интересира доколку има тука некој од вас која работи во градинка, или има некој близок кој работи во градинка, да ми каже дали имаат земено плата?
Ми стигнала денес покана за вакцината против Тетанус којзнае во колку саат а требало денес да отидам да се вакцинирам. Сакав да ве прашам ако веќе денеска не сум отишла дали ке има проблеми т.е парична казна ако не отидам ни утре туку во петок??? Мора да се прими истиот ден? Кои идиоти се бееее!!! Ми стига покана истиот ден кога треба да ја примам.
Не. Нема да има потреба да платиш парична казна. Јас задоцнив неколку месеци поради примање на вакцина и не платив ништо. Може ќе добиеш некој укор ништо друго.
Незнам кои се поголеми идиоти, дали тие што ти пратиле покасно покана, или таа што наместо да се запраша кои се последиците доколку не ја прими вакцината, прашва дали ќе биде парично казенета. Не постои казна ниту цена која може да се спореди со неодгоорноста на лугето кон своето здравје.
Се согласувам со тоа дека доцна ти ја пратиле поканата. Ама тие ако згрешиле немораш и ти да грешиш. Си требала денес веднаш да отидеш и толку. Ама биднало веќе затоа утре уште од сабајле отиди и среди ја таа работа, нема што да чекаш здравјето е во прашање.
Да не знае некој дали важи летово бесплатното возење во четврток за студентите што го ветуваше владата или од септември почнува ?