Малку офф Прочитав ваков оглас: Се бара искусна менаџерка на реномирана компанија до 22 години, во прилог на CV целосна фотографија.
Знае ли некој како да направам да не може никој освен пријателите на фб да ми пишува порака? Пример коа ќе го отвори некој мојот профил да нема опција за порака да ми пише? Многу ќе му бидам благодарна на тој што ќе ме просветли
@Irreplaceable Спојлер ^ Опција за воопшто да не добиваш пораки од луѓе кои ги немаш во листата на пријатели мислам дека нема. Но имаш т.н. опција за филтрирање на пораки (ти се наоѓа во Settings па потоа ќе кликнеш на Privacy, иконичката со катанец во полето Who can contact me?, на Whose messages do I want filtered into my Inbox? ќе одбереш Strict Filtering), со која пораките од луѓе кои ги немаш во пријатели ќе ти одат во сандачето Others. На крај краева, ако некој те замара, мавни му блок. *** Моево прашање троа глупичко, ама во недоумница сум, стварно ми е смотано ептен. Од нареднава недела почнувам со пракса во градинка, и сега нели од хигиенски причини, ми пишува стриктно менување на обувки, односно да си носам со себе топлинки. Сакав да прашам каде низ Скопје да најдам некои такви обувки за низ дома што личат на балетанки, или што го тркалам више, значи со некое меко ѓонче или некои такви полежерни патичиња, за не многу голема цена, докај 200-300 денари, освен во кинески продавници? Не сакам кломпи и некои такви глупости, па ве молам за помош во потрага по моите идеални топлинки. Иначе вака нешто барам. (слика спојлер) Спојлер Значи ем за по дома, ем да не сум со зајачиња во нозете. Секоја идеа, предлог и препорака, како и локација за совршените топлинки по приступачна цена е топло добредојдена. Фала.
Ко во вицон, прашувале еден директор каква е идеалната соработничка за неговата фирма, а тој рекол: „Да има 20 години возраст и 35 години искуство.“ Според новите поставки, секој може да ти пише порака. Фејсбук го сметал тоа за покорисно. Само можеш да направиш филтрирање така што тие што не се од пријатели, да одат во Other фолдерот. А ако одредена личност пречи, златно блокче (бројот ти избери го зависи на кој формат треба да му се нацртаат некои работи ).
^ Имам филтрирање уште од поодамна, ама некако коа ќе видам дека во "друго" имам многу непотребни работи ми иде фб да избришам. Нема врска, фала како и да е, и тоа што викате, додека има блок - нема место за паника
Дали може повторно да ми функционира бројчето од т-мобајл, сега ја ставив картичката ама секретарката ми вели не ги исполнувате условите за воспоставување на повикот. Што треба да сторам за да функционира картава пак? ХЕЛЛЛПП???
Здраво. Можеби не е за овде, ама незнаев каде да пишам. Барам таблет, по можност бела боја. Понуди лп.
Дали некој можеби знае од колку имаат проба утре Македонска филхармонија, би сакала да направам изненадување за некого? фала однапред!
Добар избор си направила со оглед на тоа дека таков тип на собни балетанки ти се потребни за на пракса.Ист модел каков што си постаирала во различни бои имам забележано низ поголемите маркети сместени во корпи.Цената беше 300-400 ден.Прошетај, сигурно ќе најдеш.