Aнтацидот? Па зависи од произведувачот, околу 130 денари на пример Рупурут или Рутацид. Само внимавај, се пие само ако имаш киселини. Не знам какви симптоми имаш а и како ти е дијагностициран гастритис..да не излезе дека ординирам терапија на форум.
@SnowQueen17, може да пробаш да пиеш и Фамосан. Мене многу ми помогна додека лечев гастрит но немав киселини, туку многу повраќав и имав болки. едит-сега видов дека си пишала во општи здравствени проблеми дека всушност имаш хеликобактер. Ќе ја примаш тројната терапија, вистина малку ќе се помачиш ама па после како нова ќе бидеш. И не се секирај, не е е ништо страшно, познавам многу луѓе кои го имале и сите успешно го излечиле. Ајде со лесно и побрзо да оздравиш
Грешка си ме разбрала јас пишав дека имам бактерија затоа што порано испитував на друго место сега на друго и докторката се збуни но после друг доктор ми кажа дека всушност сум ја излечила, и летото примав тројна терапија .Ме фаќаше по абдоменот кај ме боли и ми кажа дека можеби имам гастритис и моите не ми дадоа да одам на испитување бидејќи веќе немам бактерија ако откако ги испијам лековите имам пак болки тогаш ќе одам.
Кажи ми која вредност ја покажаа резултатите за хеликобактер, кој лекови ти го даде лекарот и на какви испитувања си требала да одиш? Направи ли барем ехо? пс Можеби дискусијава би требало да се префрли во општи здравствени прашања.
Летото нормалното беше до 1.1 а јас имав 1.6 а сега нормалното е од 0-10 јас имам 8.83 значи ја нема бактеријава. Требаше да одам на гастроскопски преглед ама за лековите знам дека имаше само Esomeprazol за другиве две не се сеќавам
Девојки, ќе може некоја во инбокс да ми објасни како треба да изгледе проектот за матура? Ви благодарам однапред
Малку необично прашање, ама ми требаат мастики кои лепат многу и брзо го губат вкусот. Ајде, женчиња, сигурно џвакате често и си правите балончиња, па кажете кои мастики се најодвратни и најмногу лепат?
Хуба Буба (којзнае дали ги има уште), тие доста брзо губат вкус, големи се и тешки за џвакање на почетокот ама затоа и доста лепат и со нив се праватогромни балончиња.
Значи не сум единствената која денеска останала шокирана од сметката за струја. Нит готвев, нит пуштав електрични печки или перална на скапа тарифа, а сметката ми е повисока од претходните два месеци собрани заедно. Ми падна вилицата до земја кога видов, нервозата не ме пушта цел ден Да им се плукнам во системот, плаќај си ако немаш друга работа. Срамота. Џабе е и јавување и се, мислам дека имаше и некаков закон дека повеќе не смее да се смени износот на веќе издадена сметка, дури и доколку се работи за погрешно прочитани вредности од саатот.
Се приклучувам на групата шокирани од сметката на ЕВН. +3000,00 денари од минатиот месец, помислив дека сме претерале со греењето ама сега вие ми давате надеж дека е паушал и дека нареднио месец ќе се корегираат.
Значи месцов нешто им требаат пари на ЕВН? Дали оти им пуштиле к15 или 13таплата па на наш грб ќе фатат нешто пара месецов. Мене тие 3000 ми требаат месецов. Ако земам плата 7500 а сметката сега ми е 5000ден како ќе го поминам јас месецов знаат ли??? А знаат ако закаснам да пресметаат камата. СРАМ ДА ИМ Е!
Да ве прашам после сум на роденден кај еден другар му купив schauma за коса миење и фелче азура сапун доволно ли е ?