Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Женски, можам лекарско уверение за работа да извадам кај матичниот доктор или морам во трудова медицина? И која е процедурата, како, пари, колку се чека и тн...?
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.091
    Допаѓања:
    328.649
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам мора во трудова.2 пати имам вадено и одма ми го давале истиот ден,кошташе мислам околу 1500-1600 ден
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира дали некоја од вас можеби знае или работи со Цептер ми треба батерија и полнач за рачна правосмукалка ?
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Зависи од бројот на диоптрија и од производителот на контактните леќи...Имаш од 700ден па нагоре-месечни 1 пар...Ако се во боја+диоптрија се доплаќа и тоа...
     
    На Rosonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    @danichap , немаш никаков проблем со недвижини, компании, сметки, автомобил или што и да е на твое име во странство и нема ниту потреба да пријавуваш во Македонска полиција се додека не решиш (ако решиш) еден ден да се вратиш да живееш во Македонија. Во тој случај ќе мора да пријавиш се што имаш за да си отвориш банкарска сметка зашто ако не пријавиш, а континуирано имаш така поголем прилив најверојатно ќе бидеш под контрола на агенцијата за финансиско разузнавање (како што се сите сомнителни трансакции од странство во Македонија) и ќе ти биде побарана изјава за потекло на парите, е тогаш ќе имаш проблем ако не си пријавила навремено и зависно што поседуваш, во која земја и на кој континент и дали Македонија има потпишано договор за избегнување на дупло оданочување со таа држава и според тоа ќе бидеш парично казнета.
    Другата варијанта е воопшто да не отвараш сметка во Македонија и да си вадиш пари директно од странските сметки, ама и во тој случај после одреден период може да бидеш сомнителна (велам може зашто во секоја друга нормална држава сигурно би била под лупа ама кај нас агенциите за разузнавање се во длабок сон па може да те промашат) и ако станеш сомнителна, пак доаѓаш до истиот момент кога ќе ти биде побарана изјава за потекло на парите, и пак имаш проблем ако претходно не си пријавила што поседуваш и според тоа ќе бидеш парично казнета и оданочена зависно за која земја се работи и дали има договор за дупло оданочување.
    Значи ти може кога сакаш информативно да си пријавиш во полиција ама и нема некоја потреба се додека не се појават пари во Македонија, а штом се појави поголема сума или има континуиран прилив се бара потекло на парите и така ќе стигнат до она што го поседуваш.

    Ако доаѓаш еднаш на 5години ти немаш никаков проблем за вадење пари од странски сметки, никој нема да дојде да те праша нешто, а и да дојде прво ќе треба да докаже дека тоа е твоја сметка, за да се докаже тоа банката треба да те индетификува, а за да една светска банка потврди идентитет на клиент или уште подалеку, да издаде извештај за состојба и трансакции, треба барање од полиција за увид со налог или да си на црна листа.
    Ова може да биде многу долг процес зависно во која банка и држава имаш сметка и колку си заштитена, ама за мали суми никој не прави проблеми и не оди толку далеку.

    @imelda , и јас не ги разбирам законите во Македонија и не сум во тек со промените зашто немам потреба ама отварање сметка во Македонска Банка за нас кои доаѓаме еднаш на 5години мислам дека е беспотребно во моментов и губење на време од истите причини што ги пишав погоре за danichap, само ќе си отвориме работа плус и може да имаш проблеми ако патуваш низ земји каде има построга контрола. Покрај Сејшелите, Сингапур, Девствените Острови и слични на нив, Балканот низ цел свет е познат како перална на пари и не го бие добар глас па што помалку допирни точки, тоа подобро, зборувам од искуство зашто сум имала проблеми со полиција низ аеродромите на одредени земји, ме држеле долго за распит, сум пропуштала и летови додека они прочешлаат детално се што имам, а имало и случаеви кога цело мое минато и минатото на моите најблиски ми го ставиле пред нос со детални информации само зашто не го пријавував македонскиот пасош на граница и сега можам да замислам колкава дополнителна процедура ќе ме снајде ако си го искомплицирам животот со отварање сметки или инвестиции во Македонија под мое име.

    Не те разбрав со прашањето за лична карта, зошто ти треба?

    Не сум многу упатена со законите и измените во Македонија освен со оние кои директно влијаат на мене и сум имала некакво искуство, а останатото не ме интересира, исто како што не ме интересираат правилата на Бугарија за кои објаснува и ми ги посочува @kolovoz под нејзини претпоставки дека имам бугарски пасош, а немам.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    Фала на одговорот @Pirana .
    Немам намера да отварам некакви сметки во македонија, ниту дури странските сметки да ги користам во неа.
    Прашањето ми беше за готовина во износ од 10 000(која е дозволена и не мора да се пријавува) да биде оставена односно вложена во недвижен имот. Оти нели неколку члено семејство по 10...и ете еден стан.
     
  7. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Претпоставував дека прашуваш за стан бидејќи те читам низ форумот но не бев сигурна и затоа не сакав да ти ја наведам таа опција без ти самата да спомнеш за што се работи.
    Да, нема да имаш никаков проблем со пренос на кеш 5личности по 10,000евра и вложување во стан, мада за секој случај би било убаво да имаш покритие за потекло на парите.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    @Pirana навистина ми е жал што од целиот мој пост само се навреди. Сигурно не сум се објаснила на ниво кое тебе ти е разбирливо. Мене, не ми беше целта да ги навредам луѓето кои поседуваат Бугарски пасош.
    Со последната реченица кажувам дека ако во земјата во која што живеете сте пријавени со друго државјанство, ви важат правилата на таа народна банка (таа држава). А во останатите два поста ги објаснувам законите во Македонија.
    Со тоа што, ти, ако живееш 5год надвор од Македонија, мора да поседуваш или работна виза или туѓо државјанство. А ако не поседуваш (ни едното ни другото) ти си илегално таму и автоматски ги кршиш сите закони. И јас навистина незнам што има навредливо во ова.
    Во првите два поста наведувам како треба да постапуваш доколку поседуваш работна виза (која е за определен временски период) и македонско државјанство. А во последната реченица објаснувам дека ако поседуваш друго државјанство и се пријавуваш со него (во примеров земено бугарско) не одговараш на македонските закони иако си родена во Македонија.
    Јас сакајќи да ти одговорам на прашањето, добив алудирање од твоја страна дека навредувам.(facepalm)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Од синоќа многу ме боли главата пред да си легнам во 11 часот се напив еден кафетин од оние што се во златна кутија, цела ноќ неможев нормално да спијам зашто многу ми беше ладно. Утрото кога станав главата уште ме болеше што значи таблетава не помогна и во 9 часот се напив уште една и сега уште ме боли главата ми нема престанато и се напив парацетамол и сега веќе незнам што да правам оваа главоболка не се трпи башка што неможам залак во уста да ставам зашо од се ми се гади. Што да правам и од што може да биде? Инаку не е првпат да осеќам таква главоболка само првпат толку долго време трае и не поминува од таблети.....
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Може да е мигрена. Провери дали имаш температура и оди на лекар.
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Јас на крајот на месец август 2014 год. имав закажано шишање, задоцнив 5-10 минути, земале да работат друга жена која што не била закажана, а кога јас првпат отидов едната беше слободна, но ми рекоа морам да закажам, не прифатија да ме шишаат, божем наводно имала некоја закажано и требало да дојде.
    Тогаш како може да примат друга во терминот кога имав јас закажано, ми рекоа да почекам, чекав и на крај ми пукна филмот од чекање си отидов и више не им стапнав уште еднаш во флизерница.

    Со ова ти што го напиша, се уверив дека сум била во право дека незнаат да шишаат, па само ме маткаа и лажеа.
    Добро е и што сум имала среќа, сум си отишла на време, но едно нешто сум сигурна дека ако ме направеја никаква-катастрофа (да ми е срам и дома таква да седам, а не негде да излезам) немаше ни 1 денар да им платам.

    Толкава непрофесионалност не сум видела, само се прашувам како газдата сеуште го нема затворено дуѓанот.

    Тие тука што работат (незнам дали сеуште се истите оние што беа, кога бев во август 2014) се крајно дрски, некултурни, па уште и незнаат да работат.

    Каква мизерија!!!
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Да не почнува да те фаќа вирусов што владее. :?:
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.607
    Пол:
    Женски
    Исто и јас лани летото бев во центар, а бе не ме ни чепна таа, кога шишаш треба од целата коса сите врвови да ги фатиш а таа само ме исчешла и позади малку ме фати, напред ич ни влакно. Значи за цели две минути бев потшишана и ме исуши само и пријатно, демек ме обликуваше. Инаку пред неколку години газдата ме шишаше бетер, два пати во животот сум излегла од фризер разочарана и тоа два пати од кај нив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    10.446
    Дури се чудам дали на исто место сме се шишале читајќи ги коментариве :^) Од толку зборење ќе испадне дека ги рекламирам ама јас, мајка ми и уште 5 другарки се имаме шишано таму во последниве неколку месеци, никој не излезе незадоволен и унаказен, баш сите си беа ептен задоволни, вклучувајќи ме и мене. Од кога видоа како сум ишишана едно 20 луѓе ме прашаа за број од студиото.
    Али сепак коса си е сензитивна работа, не би да убедувам, па ако не ви се допадне после да ме колнете :whew::D
     
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    50% попуст има за лица до 27години и пензионери, инаку мислам дека беа 280 картите, без попуст.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    А кога првпат почна да се шишаш таму?
    Можно е ако имало поплаки од муштерии, да се сменети и сега да работат сосем други. :?:
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    10.446
    Од септември па наваму за овие примери јас што ги знам. Јас конкретно прв пат во ноември се шишав.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Имаш сеуште македонско државјанство, што значи и тебе ти бараат на секој излез од Македонија да покажеш македонски пасош? За да извадиш македонски пасош ти треба лична карта. За да извадиш лична карта треба да пријавиш живеалиште во МК. За да се рачунаш како иселена од МК, треба да имаш одјавено живеалиште во МК и пријавено живеалиште во странската држава.

    Живеалиште и престојувалиште како два различни поими се дефинирани во законот за пријавување живеалиште.

    Со секое вадење нов пасош, со пријавено живеалиште во МК(кое патем јас го немам, од зор треба да лажам) јас, и секој друг во оваа каша, стануваме резиденти на Македонија на хартија. Адресата во странство ни станува престојувалиште, а не живеалиште. Привремен престој, без разлика дали е година, две или 40. Очигледно кога ги правеле/прават законите, мислат дека секој што излегува од Македонија, излегува да печали некој денар, и кога тогаш се враќа назад во Македонија.

    Потребала ми мене инаку и лична карта и пасош, немам МК пасош повеќе од 10 години, границата ја поминувам со странски пасош, ама му се докажувам на некој пола саат за на крај пак да те испрати со ама и наш пасош нареден пат да си извадиш, оти ако рече пријатен лет ќе си голтне јазикот :o
     
  19. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.058
    Женски кај се наоѓа онаа продавница за секанд хенд Санд енд старс во Центар? Читам пофалби а никаде ја немам сретнато?
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ми дадоја задача да ја избришам куњата.
    Арно ама не памтам со кое средство требаше.
    Мислам дека беше со АРФ.иначе не е дрвена за со политура.
    прашањето мие АРФ се препорачува за тоа ?