@dankee дотичен дотичниот Вид збор: Придавка Тој што е наведен, за кого се збори, именуван. Англиски: respective Употреба: Административен термин Примери: Еден ден дотичниот се качил да си го поправи покривот. Дотичниот досега не бил на суд и не е осудуван. Слично со: наведен (прид.) Во секојдневниот говор најчесто не се користи баш со соодветното значење, туку за да се избегне да се каже нечие име, најчесто доколку има повеќе слушатели, па на другите да не им е јасно за кого зборат соговорниците.
Мислев што значи ,што сака да се каже за таа особа ,досега првпат го среќавам овој збор и незнам што значи
истото и се деси и на другарка.. од сара фешн.. црн со розево едноделен.. веднаш и се ишара и пушти боја.. Толку им е квалитетот..
Значи со зборот ''дотичен/а'' наведувам некого. Пр.Еден ден дотичниот се качил да си го поправи кровот. За постојано да не кажуваш ''Toј вака тој онака'' некогаш можеш да ја употребуваш оваа придавка, или при долг разговор и сл...
Може да ми препорачате некои апчиња за зацврстување на ноктите?Партал ми се моментално ноктите ми се распаѓаат, а гел не сакам да ставам повторно оти сакам да си ги израснам како што ми беа некогаш. Нешто проверено, вие што имате пиено.
Со фискалната сметка ќе отидеш и ќе ги замениш, или ќе бараш да ти ги вратат парите. Со закон имаш право на тоа. Ако не ја чуваш фискалната, ќе си ги носиш шарени.
За среќа ја чував фискалната и отидов, ми рекоа дали сакам замена или парите назад, но јас си ги земав парите назад оти тоа што имаа останато беше се големо. Проблемот е решен
Колку чини едно шише узо во нашите маркети тинекс/веро/рамстор од прилика? Дали некој што се наоѓа во Охрид може да провери дали во маркетот ТАМАРО има пина колада од јагода шише? Доколку има ве молам да ме контактирате сакам некое шише да земам, а се продава само во тој маркет и само во охрид
Околу 600 денари се големите шишиња. А пина колада од јагода исто така имаш во Тинекс во Скопје, ама во поголемите маркети, јас кај новата катна гаража имам купено.
Не сум љубител на узо за да ти кажам дали е со добар квалитет или не, меѓутоа цената од 255 денари ми изгледа многу поволна.
Па можеш некој убав украс или некоја амајлија/икона или пак некоја ваша слика убаво урамена... а за каков дуќан се работи за поконкретно да можеме да ти помогнеме.
За телефони и галантерија. Се мислев слонче за среќа и пари, ама и икона е добра идеа не ми текна. Фала ви женски.