Ако мислиш на тој дуќан што внатре е целиот со камења ѕидан, не ми текнува моментално името имаше нешто boy мислам, ама сигурна сум дека мислиме на истиот едно големо НЕ од мене. Однесов тегетни нови фармерки, кои требаше да ми ги направат црни. Не работат скапо 250 ми земаа, ама кога дојдов дома и си ги видов фармерките ми доаѓаше да заплачам. Не беа црни туку беа шарени. Како не знам, ама воопшто не сум задоволна, освен тоа за да ја активираат бојата мислам дека и ги вријат па моите се собраа, и така останав без нови фармерки кои ниеднаш ги немам облечено а плус и не беа евтино платени. Така ми стојат затоа што не можам да ги префарбам од причина што се смалени. И уште нешто негативно внатре во дуќанот е тооолку мрачно што не можеш на лице место да провериш дали се добро префарбани. Јас моите ги проверив внатре додека бев и ми делуваа ок, коа дојдов дома катастрофа, дека црни а внатре темно беше не сум ги ни загледала. Е сеа истите продаваат бои, другарка ми купува од нив и потоа дома мајка и и ги фарба и ептен добри излегуваат не се ни приметува дека се фарбани.
Не сум oд Ск и би сaкaлa дa знaм дaли вo сaбoтa(пoсле држaвен прaзник-прoдoлжен викенд) ќе,, рaбoти ,, бит пaзaр и шуткa.. нз кaкo oдaт рaбoтите тaму зa време и пo прaзници... фaлa пoз..
Не е тој...овој се наоѓа во уличката каде што порано беше киното Напредок, помеѓу првата и втората улица што излегуваат кај Бит пазар...надвор обично има наредено јамболии, черги, такви работи.
@Jordanovska-K до сега имам купено 7 пара, а денеска си се почастив и со уште еден пар од новата колекција што им е 1300 ден. До сега сум задоволна од квалитет.
да јас, ги ставаш дланките/стапалата во густа течност ко восок, топла е, и после во ракавица ги ставаш некое време и после се мазни
За омекнување на стапалата и рацете е незаменлив, но... Имај на ум дека сите клиенти од салонот ги брцкаат нозете во истиот сад и истиот парафин (доколку во салон за убавина го правиш третманот). Веќе повеќе од година сама си правам педикир и се депилирам исклучиво со ладен или чист топол восок. Имав прилики чуда да се изнагледам од по реномираниве салони, но тоа е веќе друга тема. Заборавив да кажам уште нешто. Мислам дека има парафински ракавици за еднократна употреба, па распрашај се за таа опција.
http://www.crnobelo.com/novosti/dom...-i-trguvajte-so-cenata-na-akciite-na-facebook Може некој малце да ми појасни ова?
Вие што се греете преку БЕГ имате ли парно? Значи, грејна сезона почнува од 15 октомври, денес сме 20 октомври, а парно нема, мора да се троши струја за затоплување, ладно е. Па стварно ова не е нормално.