Ако некој/а знае - кое е работното време на билетарата на Метрополис Арена? Да не барам сеа број да се јавувам, ако знае некој, нека сподели, би била благодарна
Мислам дека нема. Освен да си отидеш со комбе, под услов да имаш некој што живее таму за да преспиеш.
Дечки дај кажете ми, појма сум со просторов. Од глупи прашања: Дали се сообраќа возот? (демек не биле пуштени, немало возови, не оделе) Знае некој сигурна информација, овие од железничка и онака да ѕвониш нема да ти се јават.
Без оглед за која релација се интересираш, железничкиот сообраќај е во колабс. Возовите до Битола и Гевгелија не сообраќаат, до Кочани има само еден воз со само еден вагон, а не е подобра ситуација и до Велес. Затоа не те препорачувам да патуваш со воз. Атмосферата на железничката станица во Скопје од динамична и фреквентна, сега е толку тивка и чудна, исто како да не постои.
Дечкиии, дали имате искуство со земање материјал од Универзитетска библиотека и копирање надвор од истата? Одамна не сум била таму и не знам која е политиката...
@Rubiii Со оглед на тоа што во таа институција материјалот во печатена форма е наменет само за интерна употреба (во просториите на библиотеката) најверојатно треба да оставиш документ за лична идентификација како гаранција дека ќе се услужиш и ќе го вратиш земениот материјал.
Колку што се сеќавам материјалот не смее да се изнесува од зградата. Имаат фотокопир па што ти треба ќе копираш таму.
Лани извадив надвор книга да копирам, не ми направија проблем, и така за помалце од пола саат им ја вратив.
Девојки дали знаете колку им е рокот на траење на овие креми? Не пишува на амбалажава. Ја имам окулу година ипол, отворена е а уште пола има, па не знам дали да ја користам или да ја фрлам.
И јас да прашам дали знаете дали може на рати да се плаќа за полагање? Не конкретно за некоја школа туку општо дали даваат. Или мора да се плати цела сума од ~15 000?