Женски ми имаше стигнато неколку пати порака со број на кој доколку се јавиш ги кажуваат непознатите броеви во чија сопственост се. Еве мене ми sвонат 2 броја неколку пати а неможам да откријам чии се. Дали знаете кој беше бројот за повикување?
Дали ако земиш бунда малце поголема за само едно бројче во рамената на шнајдер дали можат да ти ја средат ?
Може, но јас не би доверила бунда на шнајдерка. Има специјализиран крзнар кај кружниот тек кај Католичка црква што одлично врши поправки на бунди ( ако си од Скопје). Не сум сигурна како се викаше, но е веднаш до Стар кафе.
За да дознаеш број на мобилен чиј е прашај на 1188 истиот број важи и за фиксни броеви од други оператори.А,за фиксни броеви од мрежата на македонски телеком можеш да прашаш чии се на 188.
Има, во Тинекс имаш со сигурност, а верувам и во другите маркети во одделот за здрава храна, каде што и обично стојат производите на Виталија.
Фaлa Мишелке. Бaш ќе прoверaм вo пoнеделник. Знaм декa вo Тинекс нaјмнoгу држaт прoизвoди oд Витaлиa, aмa не сум приметил зa суруткaвa или пaк немaм виденo убaвo.
@Rubiii Одиш на File-Options, па на Advanced и скролаш на Display settings. И ќе наидеш на "Show measurements in units of" и на паѓачкото мени ќе си одбереш Inches
Кога постоеше Тедико имаше жива туршија,сега неможам да најдам Да не сте виделе некаде во Скопје Проверено е во Тинекс,Веро,Стокомак и Кам ама нема
Каде можам да купам салеп, ама оригинал (не оној инстант)? Или барем кажете кафич каде што имаат убав салеп.
Имам две прашања. 1. Дали некој знае каде можам да ја најдам кремата за раце Дикла? Барав во Зегин, но нема. 2. Ми се фати гласот да неможам "а" да кажам. Пред некој месец ја гледав Лила како го приготви напитокот кој и помогнал да си го врати гласот, ако некој го знае точно рецептот Ве молам да каже, отприлика одеше вака: Од 1 живо јајце ја зема жолчката која ја измати. Во неа додаде дали сода, па ставаше мед, стопли млеко и ги спои.
@Rubiii Тој е рецептот за ларингит. Напивката треба да се користи двапати во текот на денот, наутро навечер. Доколку можеш да најдеш домашни јајца ефектот е уште подобар. Освен овој рецепт може да користиш, спреј за грло Септолете Плус (со антибиотик), Септолете (без антибиотик), раствор Бетадине за плакнење, таблети за лижење Септолете еукалиптус или Стрепсилс мед и лимон.